19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПеснатa Пела-Кутелш на Дарко Билбиловски руши рекорди, за само неколку денови надмина...

Песнатa Пела-Кутелш на Дарко Билбиловски руши рекорди, за само неколку денови надмина 215.000 прегледи !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повеќе од една деценија на македонската естрадна сцена опстојува Дарко Билбиловски, пејач во вистинска смисла на зборот, пејач кој ја негува вистинската и автентична македонска народна и новосоздадена песна. И покрај напливот на многу музички имиња во Македонија Дарко важи за еден од најбараните фолк изведувачи на простори така и во странсво.

Зад него се впечатливи настапи на македонските фестивалски сцени, почнувајќи од Валандово, Охрид Фест, преку Лешочкиот фестивал, се до Гоце Фест. И секогаш во песните провејува македонството, родољубието, љубовта кон родниот крај, она што нашиот народ најмногу сака да го чуе, а кога сме кај концертите надвор од Македонија тогаш се бара карта повеќе, а тоа се должи благодарение на неговите вокални способности и неговите преубави патриотски песни кои рушат рекорди. Една од песните која буквално преку ноќ собра над 210.000 прегледи е песната Пела-Кутелш, песна во која се опеани сите страдања на Македонецот и како нашите соседи ја крадат нашата историја па потоа ја прикажуваат како нивна.

<

Во 2023 година Дарко на фестивалот Лешочки Фолк Фест токму ја отпеаа оваа песна, публиката која присуствуваше  фестивалот уште тогаш беше импресионирана, а Дарко беше награден со силен аплауз и овации од присутните гости.

Но сигурно се прашувате кој се главните виновници за овој хит?!
Автори: музика-Тоде Новачевски
Текст:Крсте Наумоски-Мечкар
Аранжман:Тоде Новачевски
а песната е снимена во студио “Анастасија” кај господинот Љупчо Павловски.

Дарко недамна одржа осум концери во Австралија, а за скоро време ќе ги посети нашите браќа Македонци во една друга далечна земја, за која земја станува збор?!! ќе ви откриеме наскоро…

Во продолжение уште еднаш слушнете те ја Пела-Кутелш, песна која не остави рамнодушен ниту еден Макеедонец, песна од која сама протекуваат солзи……

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...