29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПолициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно...

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната голема акција на полицијата во повеќе казина и ноќни стриптиз клубови како и на други локации во Тетово и Охрид. Од Обвинителството за гонење организиран Криминал и корупција информираат дека организатор бил 35-годишник од Боговиње, кој организирал и координирал повеќе криминални активности во селата Жеровјане и Горно Седларце, но и во Охрид, каде наведувал на проституција девојки – странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз клубови.

<

ОЈО ГОКК:
Фактичкото работење на два од клубовите го организирал и раководел неговиот брат (второосомничениот), додека третиот осомничен раководел и ја организирал работата на стриптиз-клубот во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките во угостителските објекти и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во нашата земја.

Петмина од приведените ги снабдувале со дрога гостите во угостителските објекти, но и девојките кои работеле таму. Дел од криминалната група биле и затворски службеник и виш инспектор од Тетово.

ОЈО ГОКК:
Дел од криминалната група биле и две службени лица – затворски службеник од Затворот во Тетово и полицаец – виш инспектор од Тетово кои користејќи ја својата позиција и контактите, ја предупредувале групата за полициски акции, а вршеле влијание и за олеснување на прекршочните постапки кон групата и кон странските државјанки.

Против сите осомничени е поведена истрага за делата злосторничко здружување и посредување во вршење проституција. На тројца од осомничените товар им се става делото перење пари, петмина се товарат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци. Во текот на попладневните часови се очекува сите тие да бидат изведени пред судија на претходна постапка во кривичниот суд Скопје, каде за сите обвинети обвинителството ќе предложи определување мерка притвор.

Михајло Донев Alsat

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...