15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНогачески: На ова свето место, владата предводена од СДСМ сакаше да направи...

Ногачески: На ова свето место, владата предводена од СДСМ сакаше да направи депонија, но заеднички со мојот народ успеавме тоа да го спречиме !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако по 7 години градоначалнички мандат ме прашате кој од реализираните проекти би го издвоил, недвосмислено би Ви одговорил дека тоа беше еколошката “револуција”, која Дебрца ја водеше во 2018 година против сулудата владина идеја за изградба на регионална депонија во срцето на Дебрца,во Годивското Поле.

<

Таа “револуција” заврши со победа,затоа што сите бевме сплотени, и координативното тело,и локалната самоуправа и најважно народот.

И денес,на тоа место,на кое некој сакаше да гради регионален ѓубралник се возвишува возобновената црква “Св.Вартоломеј” , осветена во 2020 година.

👉Како локална самоуправа деновиве исполнуваме едно дадено ветување,еден своевиден аманет, односно започнавме со уредување на поширокиот простор околу црквата, со поставување на бекатон , на површина од 950 м2.

За оваа активност од Буџетот на општината ќе се издвојат околу 1.300.000 денари.

Тоа е еден наш мал придонес кон ова свето место.

Во оваа прилика, со должен пиетет сакам да се потсетиме и на две личности, годивци, кои за жал повеќе не се со нас.

Др.Бошко Ставрески и Ненад Петрески. И двајцата беа дел од координативното тело,Др.Бошко беше ктиторот на црквата, а Ненад секогаш несебично посветен на Годивје.И двајцата имаа визија и идеи за развојот и на Годивје и на Дебрца.
Нивното прерано заминување, освен за семејствата е голема загуба и за Годивје и за општина Дебрца.
Засекогаш останува споменот на нив и нивните дела.

А,возобновената црква “Св.Вартоломеј” останува да биде вечен храм за сегашните и идните генерации,но и паметник ,кој ќе сведочи за едно време кога народот на Дебрца востанал и ја обезбедил еколошката иднина, не само на Дебрца,туку пошироко и на Охридскиот регион и Охридското Езеро,споменикот на природата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...