16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски со честитка до Трамп: Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето...

Мицкоски со честитка до Трамп: Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски упати честитки до Доналд Трамп, кој според резултатите од претседателските во САД ќе биде нов американски претседател

<

–Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.

Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.

Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...