2.7 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЈа омаловаживте и археологијата и државата“: Реакција на Македонското археолошко друштво

Ја омаловаживте и археологијата и државата“: Реакција на Македонското археолошко друштво

spot_img

„Сите модерни држави во суштина се мултиетнички, но се користат термини: грчка археологија, бугарска археологија, албанска археологија, британска археологија, германска археологија итн., за да се презентираат откритијата и достигнувањата на оваа наука во рамки на државата, ама никаде никој не се обидел да ја ,етницизира‘ археологијата, а со тоа да ја омаловажи и археологијата и државата, како што Вие тоа го направивте“, се вели во писмото на Македонското археолошко друштво (МАД) по повод гостувањето на министерот за култура и туризам Зоран Љутков во емисија на телевизијата „Алсат“, во кое новинарката го напаѓа за користењето на терминот „македонска археологија“. Ви го пренесуваме писмото интегрално:

По повод некои еклатантно неуки и тенденциозни написи и напади во медиумите и на социјалните мрежи во врска со епохалното откритие во македонската археологија на досега непознатата некропола од архајскиот период во струшкото село Корошишта, Македонското археолошко друштво (МАД), здружение на професионалните археолози во Македонија, ја упатува следната реакција до јавноста:

Археологијата е наука која се занимава со проучување на минатото преку откривање и анализа на материјални докази (археолошки предмети и целини) и критичка анализа на изворите со цел да се формира објективна слика за периодите од минатото, притоа користејќи востановена методологија позната очигледно секаде во светот, освен кај нас. Тенденциозни и малициозни толкувања на археолошките откритија од страна на непрофесионални и недоволно информирани „новинари“ во цел искривување на фактите заради политикантство или потврдување на однапред изградени „историски тези“, вообичаено не се вредни за коментар, но заради објективно информирање на јавноста, во овој случај се неопходни.

Археолошките ископувања во Корошишта беа транспаренти во секој поглед, а вредните откритија за кои примивме честитки од колеги од сите околни држави беа претставени пред јавноста веднаш по ископувањата. Како што налага нашата наука и методологија, понатаму следи детална компаративна и типолошка анализа на наодите и контекстот на откривање и примена и на егзактни методи, кои ќе се изнесат во научни трудови, а за резултатите вообичаено дискутира научната јавност на симпозиуми кои се отворени за сите кои се занимаваат со оваа професија без разлика на етничката припадност. Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти. Во друштвото членуваат, а во институциите работат археолози со различна етничка припадност чија работа е објективно толкување на откритијата, впрочем како што на професионалните новинари главен постулат во работата е објективно информирање на јавноста, што не беше случај со „новинарите“ од телевизија „Алсат“.

За информација на „новинарите“, раководителот на истражувањата има апсолутна слобода да го одбере својот тим од професионалци кои смета дека се потребни за процесот на работа или периодот кој се истражува, што беше и случај со археолошките ископувања во село Корошишта каде во стручниот тим беше вклучен колега, припадник на албанска националност, кој одамна учествува во истражувањата во Охридско-струшкиот Регион заради неговата професионалност, а не заради неговата етничка припадност. Такви примери има и на други локалитети, а во истражувањата често се вклучуваат колеги дури и од други држави заради нивната потесна специјалност. Како и секоја друга наука, археологијата во Македонија треба да ја работат професионалните археолози, кои посветиле децении на стручно усовршување, за што голем дел од нив се познати и признати во светски рамки.

Насловна / Македонија
Објавено на: November 18, 2024
„Ја омаловаживте и археологијата и државата“: Реакција на Македонското археолошко друштво
t

Крајно сме згрозени од невистините искажани во врска со Паско Кузман, наш колега, долгогодишен член и претседател на друштвото во минатото. Паско Кузман НИКОГАШ не бил суден, а уште помалку осуден за кражба и отуѓување на археолошки предмети. Неговата голгота низ судските лавиринти на државата беше од сосема друга природа, во процес кој нема никаква врска со отуѓување на археолошки предмети. Овие малициозни искази на неинформирани новинари се обид за манипулација со јавноста и клевета, со цел да се нанесе штета нему лично и на целата археолошка фела. Не може никој да го оспори неговиот придонес за македонската археологија и неговите залагања за истражување на бројни археолошки локалитети, наспроти заспаноста, незаинтересираноста и малите финансии доделувани за археологијата во претходниот период на кои многу археолози се обучија со неопходните теренски знаења. Тој со своето знаење и искуство секогаш ќе биде добредојден на нашите истражувања, исто како што ние бевме на неговите.

Просто е несфатливо како во една современа држава која тежнее да биде дел од европското семејство сè уште се занимаваме со ниска свест, поделби и поттикнување на етничка нетрпеливост, а пострашно е кога тоа доаѓа од една толку значајна јавна професија како што е новинарството, и кога се искористува наука која во суштина ги надминува етничките и националните граници. Македонското археолошко друштво апелира до јавноста и медиумите да престанат да ја користат археологијата во дневно политички дискусии кои нанесуваат штета не само на фелата, туку и на државата. Се надеваме дека медиумите кои ги пласираа во јавноста ваквите невистини, за што сметаме дека треба да следи и реакција од ЗНМ, ќе имаат доблест да се оградат од тенденциозните и паушални невистини искажани од нестручни поединци. Македонското археолошко друштво од името на своите членови бара јавно извинување за изнесените невистини и шпекулации од страна на уредништвото на „Алсат М“ телевизија и новинарите Арта Тахири и Суад Бајрами.

П.С. За појаснување на терминот „македонска археологија“ на „новинарката“ на „Алсат“: станува збор за придавка изведена од името на државата. Сите модерни држави во суштина се мултиетнички, но се користи термин грчка археологија, бугарска археологија, албанска археологија, британска археологија, германска археологија итн., за да се презентираат откритијата и достигнувањата на оваа наука во рамки на државата, ама никаде никој не се обидел да ја „етницизира“ археологијата, а со тоа да ја омаловажи и археологијата и државата, како што Вие тоа го направивте.

Со почит,
Македонско археолошко друштво

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...