23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонскиот рапер Угро: Изборот ми беше Идризово или Мајами

Македонскиот рапер Угро: Изборот ми беше Идризово или Мајами

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Некогаш еден од најпопуларните рапери на македонската музичка сцена, денеска фотограф, снимател и продуцент кој лебот го заработува далеку од дома Публиката го памети по хитовите „Знам дека си ти“, „Шест броја“ и „Фраер од пелени”, но и по ексцентричните видеозаписи. Никола Угриновски-Угро денеска има 52 години и е татко на две ќерки кои со својата мајка живеат во Скопје.

<


Пред повеќе од една деценија одлучи да замине на печалба крстосувајќи низ светот работно на брод, а сега во поткастот Red Cast конечно проговори што го натерало да сврти нов лист во животот. Бил во фаза на развод, а во тој период и неговата мајка била тешко болна.

„Изборот беше Идризово или Мајами. Ако направиш ѓурултии и завршиш во Идризово-тоа е тоа, тука приказната завршува. А, ако отидеш во Мајами, па има шанса да се расправаш со гости, но Идризово-јок!“, ја почнува Угро неговата приказна.

Во истото интервју раскажува дека не се кае за ништо во животот, но дека ако го имал овој памет на 20 години „би ја поседувал Македонија“
Видео ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...