17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЖените во Македонија умираат од Рак на дојка чекајќи термин за Биопсија...

Жените во Македонија умираат од Рак на дојка чекајќи термин за Биопсија и Снимање..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

800 нови случаи. Националната програма за рано откривање на ракот на дојка во Македонија започна да се спроведува од 2015. Жени на возраст од 40-69 години се покануваат за мамографски преглед на две години преку покани / пријавување преку интернет.

<

МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА КАДЕ НАЈМАЛКУ СЕ ЧЕКА ЗА ТЕРМИН ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ, БОЛНИТЕ ВЕЛАТ БЕЗ ВРСКИ СЕ ЧЕКА СО МЕСЕЦИ
Доколку се искористи пописот на населението од 2021, според кој жени од 40-69 години има 379.199 од кои 70% би требало да бидат опфатени со програмата во период од 2 години (односно вкупно 265.439 или 132.719 годишно), и доколку се земе едноставно процентот на жени со суспектни наоди од 2019 година од 0.3%, во тој случај Македонија поради отсуство на сеопфатен скрининг на секоја втора година пропушта рана детекција на рак на дојка кај 796 жени во период од 2 години, односно 398 жени годишно (наспроти 3, односно 5 жени во 2020 и 2019 година респективно).

Карциномот на грлото на матката во светот учествува со 10% во вкупниот број на малигни неоплазми. Тој е дванаесетти по честота и петти по смртност рак кај жените во светот. Овој скрининг има најдолга историја во Македонија. Во годишните програми има формулација дека скринингот се смета за успешен доколку во период од 3 години се опфатат 75% од жените на целната возрасна група. Но, програмите немаат дефинирано годишни индикатори за успешност (иако во некои постои 5% индикатор од таргетираната популација да биде предмет на скрининг, а тоа е далеку од потребното ниво на скрининг за да се оствари посакуваниот опфат за 3 години од 75%).

Доколку се земе бројот на таргетирани жени од 21 до 59 години дека е 461.381, за да се постигне успешноста на програмата од 75% на жените во период од 3 години да имаат скрининг, тоа значи дека годишно програмата треба да опфати по 115.345 жени.

Доколку пак се искористат резултатите од 2019 година, каде 21% од наодите се позитивни, годишно би се откривале 24.222 жени со позитивни наоди (наспроти 2.717 жени во 2019 година), на кои доколку навремено се делува, квалитетот на живот нема да им се намали, а и стапката на смртност во Македонија значително ќе се намали од овој вид на малигно заболување.

Македонија преку овој пристап на програмата пропушта годишно да дијагностицира и да лекува 24.137 жени.

Б. НЕСТОРОСКА SDK.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...