11.9 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаВондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд за покачувањето на цените на основните прехранбени производи.
Министерството за економија и труд, и јас како министер уште од почетокот на мандатот кажав дека една од главните цели на кои ќе работам ќе биде подобрување на животниот стандард на граѓаните. И тоа на дело го покажавме на почетокот на есента со носење на мерките за ограничување на маржата прво кај училишниот прибор, а потоа кај дел од основните прехранбени производи“, рече министерот Дурмиши.

<

Со оваа мерка како што кажав и како што покажаа статистичките податоци успеавме за време на траење на мерката да ги намалиме трошоците на граѓаните и до 3000 денари по основ на двете мерки.

Кажавме дека ќе продолжиме во оваа насока со мерки кои ќе значат подобар живот за граѓаните.

Пред десет дена заедно со Стопанските комори со трговците, со дистрибутерите и производителите ја објавивме акцијата Новогодишна кошница.

Акција која имаше за цел преку општествена одговорност кај компаниите за време на Новогодишните празници да ги намалиме трошоците за живот на граѓаните преку самоиницијативно намалување на цените на дел од производите кои се најпродавани во време на Новогодишните празници.

Она што на состаноците го договоривме и добивме уверување од производителите и трговците и дистрибутерите е пред почетокот на акцијата да нема драстично зголемување на цените на овие производи кои ќе ги понудат и да не се зголемуваат драстрично цените на производите кои не се на листата на производи во Новогодишната кошница.

Акцијата Новогодишна кошница, како што можевме да видиме во првите денови стартуваше успешно, кај некои производи во кошницата намалувањето на цените беше и над 10% и секојдневно се зголемуваше бројот на производи понудени од компаниите во Новогодишната кошнца. Но, тоа не се случи и кај другите основни прехранбени производи чии цени се драстично зголемени.

Владата и јас како министер за економија и труд нема да го толерирам однесувањето на трговците и покачувањето на цените на одредени производи на сметка на намалување на други производи кои ги предложија во Новогодишната кошница. Вчера по завршувањето на седницата на Владата, по задолжението кое што го добивме веднаш одржавме состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат.

Како што дадов насока во координација со директорот, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од утрово се во засилени контроли во маркетите и прават анализи како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите три месеци, осносно колку поскапеле производите кои што не се во Новогодишната кошница.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...