15.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница...

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонија
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој
Автор:
Деск 4NEWS.MK
26/12/2024 13:07

<

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, истакна дека тоа не треба да биде селективно како што го направила претходната влада туку или да се даде можност на сите кои ќе постигнат договор со работодавачите за двојна или тројна дневница да остварат таков приход или никој да не работи.
„И денеска е недела работен ден, но за одредени економски оператори, дури во законот со квадратура се нацртани и се опишани кои се тие. Да речеме, работи еден трговски центар којшто се сеќавам на фанфари го отвораше тогашната коалиција СДСМ-ДУИ во занесот на инспирацијата пред првиот или вториот круг на локалните избори 2021 година мислејќи дека на тој начин ќе постигне подобар резултат. И сега има одредени економски оператори коишто работат. Ние како влада си го поставуваме следното прашање, а тоа е или никој да не работи, вклучително и тие, или тие коишто сакаат да работат со согласност на работниците коишто сакаат да работат да добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која што ја имаме како влада и тука не гледаме ништо лошо“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека според мерењата на јавното мислење околу 75% се за во недела да работат доколку им се плати двојна дневница.
„Дури, за ваша информација, месечно три пати мериме јавно мислење за внатрепартиски и внатре коалициски потреби и на тие јавни мерења, обично една или две се телефонски и едно е секогаш теренско мерење. Отприлика тестираме неколку атрибути меѓу кои и овој атрибут. Седумдесет и пет проценти од граѓаните се за тоа тие што сакаат во недела да работат доколку им се плати двојна дневница“, нагласи Мицкоски, но додаде дека кое ќе биде конечното решение ќе зависи од следниот состанок на Економско-социјалниот совет.
„Дали ќе дојде до овие законски интервенции и кои ќе бидат, кон кое решение ќе конвергираме ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на Економско-социјалниот совет. Ова прашање ние сме го разговарале и со синдикатите. Ова не е прашање кое ние сакаме да го наметнеме. Сме го разговарале и со синдикатите и со стопанските комори, работодавачите. Ние не сме го разговарале ова прашање во тесен круг и да носиме одлука, па потоа да не знаеме што да правиме со таа одлука. Ако мислите дека ние на сила ќе направиме нешто, нема да го направиме на сила“, подвлече Мицкоски и додаде:

Генерално се катализираат две решенија. Едното е или никој да не работи, ама никој. Има еден таков главен град на една држава во централна Европа, никој не работи во недела и готово, тоа е тоа, или ако некој плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови да може да работи, да работи“.

Тој исто така потенцираше дека негово лично мислење е или да се даде можност на тие што сакаат за подобар приход да работат или никој да не работи, но се ќе зависи од состанокот на Економско-социјалниот совет на кој отворено ќе се разговара со работниците и работодавачите.

Македонија
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој
Автор:
Деск 4NEWS.MK
26/12/2024 13:07

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, истакна дека тоа не треба да биде селективно како што го направила претходната влада туку или да се даде можност на сите кои ќе постигнат договор со работодавачите за двојна или тројна дневница да остварат таков приход или никој да не работи.
„И денеска е недела работен ден, но за одредени економски оператори, дури во законот со квадратура се нацртани и се опишани кои се тие. Да речеме, работи еден трговски центар којшто се сеќавам на фанфари го отвораше тогашната коалиција СДСМ-ДУИ во занесот на инспирацијата пред првиот или вториот круг на локалните избори 2021 година мислејќи дека на тој начин ќе постигне подобар резултат. И сега има одредени економски оператори коишто работат. Ние како влада си го поставуваме следното прашање, а тоа е или никој да не работи, вклучително и тие, или тие коишто сакаат да работат со согласност на работниците коишто сакаат да работат да добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која што ја имаме како влада и тука не гледаме ништо лошо“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека според мерењата на јавното мислење околу 75% се за во недела да работат доколку им се плати двојна дневница.
„Дури, за ваша информација, месечно три пати мериме јавно мислење за внатрепартиски и внатре коалициски потреби и на тие јавни мерења, обично една или две се телефонски и едно е секогаш теренско мерење. Отприлика тестираме неколку атрибути меѓу кои и овој атрибут. Седумдесет и пет проценти од граѓаните се за тоа тие што сакаат во недела да работат доколку им се плати двојна дневница“, нагласи Мицкоски, но додаде дека кое ќе биде конечното решение ќе зависи од следниот состанок на Економско-социјалниот совет.
„Дали ќе дојде до овие законски интервенции и кои ќе бидат, кон кое решение ќе конвергираме ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на Економско-социјалниот совет. Ова прашање ние сме го разговарале и со синдикатите. Ова не е прашање кое ние сакаме да го наметнеме. Сме го разговарале и со синдикатите и со стопанските комори, работодавачите. Ние не сме го разговарале ова прашање во тесен круг и да носиме одлука, па потоа да не знаеме што да правиме со таа одлука. Ако мислите дека ние на сила ќе направиме нешто, нема да го направиме на сила“, подвлече Мицкоски и додаде:

„Генерално се катализираат две решенија. Едното е или никој да не работи, ама никој. Има еден таков главен град на една држава во централна Европа, никој не работи во недела и готово, тоа е тоа, или ако некој плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови да може да работи, да работи“.

Тој исто така потенцираше дека негово лично мислење е или да се даде можност на тие што сакаат за подобар приход да работат или никој да не работи, но се ќе зависи од состанокот на Економско-социјалниот совет на кој отворено ќе се разговара со работниците и работодавачите.

Откритие: како да се врати видот без операција и очила
O Caps
„Ако сакаме да правиме диверзификација и промена на нашиот економски модел и концепт, мораме да размислуваме вака. Кое ќе биде конечното решение јавноста ќе го знае откако ќе заврши последниот состанок којшто ќе го имаме со Економско-социјалниот совет на којшто ќе разговараме заедно отворено, гласно и јасно помеѓу работодавачите и работниците. Мое лично мислење еве да немате дилема е дека за сите оние коишто ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат повисока дневница, двојна тројна итн. треба да биде овозможено во недела да работи и да остварат таков приход или, ќе повторам, никој да не работи“, заклучи Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...