15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична пријава за тројца полицајци, незаконски држеле турски државјанин

Кривична пријава за тројца полицајци, незаконски држеле турски државјанин

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализирано одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против полициските службеници Г.М., Ќ.Р. и Г.П., поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
.
Како што информира МВР, пријавените полициски службеници како службени лица со искористување на својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, во периодот од 12 септември до 31 октомври 2024 година на турскиот државјанин А.Д. му нанеле штета и потешко му ги повредиле правата на начин што противправно и неовластено му го ограничиле движењето и го задржале во Прифатниот центар за странци Гази Баба.

<

„Турскиот државјанин А.Д. на 8 септември 2024 година незаконски остварил влез во РСМ, поради што на 12 септември 2024 година заедно со други мигранти од Ирак бил задржан во прифатен центар за странци Гази Баба. Откако лицата дале исказ пред обвинител, другите мигранти биле однесени во транзитен центар Табановце, а турскиот државјанин бил вратен во Прифатниот центар со образложение дека треба да се спроведе прекршочна постапка заради остварен илегален влез, иако ваква прекршочна постапка не била ниту отпочната“, велат од МВР.

Оттаму потенцираат дека пријавените полициски службеници ненавремено презеле дејствија за проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка, презеле дејствија за утврдување на идентитет и покрај тоа што идентитетот на странецот бил утврден врз основа на национална лична карта и презеле други непотребни процесни дејствија спротивно на Законот за странци и Законот за прекршоци, со што на турскиот државјанин му ја ограничиле слободата на движење и противправно го задржале во Прифатниот центар за странци.

„Против полициските службеници одделот ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, велат од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...