18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаМијалков снимен во Монте-Карло како вози луксузно Ферари !!

Мијалков снимен во Монте-Карло како вози луксузно Ферари !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред скап хотел, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа.
Според цените кои се споделени онлајн, автомобилот на Мијалков, зависно од годината, може од $629,990 to $709,900. Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува со женска личност во хотел.

<

И во минатото се зборуваше дека Мијалков е имотен во Монако. Со плата во просек по околу 70 илјади денари месечно успеа да стигне до имот вреден 30-тина милиони евра. Тој е еден од ретките Македонци кој се поврзува со таа земја. Таму студираше и неговиот син.

Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа.
Извор Скопје 1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...