11.1 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаВечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и сознанија кои ги добиваат секој ден. „Вечер“ објавува еден документиран доказ како се „обработуваат“ судии за да се пресуди во полза на „обработувачите“.

<

Се работи за, навидум, банална судска парница пред граѓански суд за развод и решение кој родител по разводот ќе биде примарен за престој и воспитување на детето, согласно условите за живот, карактерот и однесувањето на родителот како и утврдени потреби и склоности за комуникација на самото дете кои ги оценува надлежна, стручна социјална служба.

Пред основен суд во Охрид била поведена постапка за развод на брак и додела на малолетниот син, која постапка е поведена по тужба на тужителот (таткото) против тужената (мајката) и која постапка заврши со пресуда со која бракот се разведува, а малолетниот син се доделува на чување и воспитување и делумно издржување на таткото. Тоа е ставот и надлежната социјална служба која дава свое мислење и решение, и која во случајов има функција на стручна институција пред судот.

Во текот на оваа постапка, тужената поднела предлог за доверување на постапување на друг стварно надлежен суд (Скопје) по овој предмет до врховниот суд на РСМ, судот согласно ЗПП ја прекинал постапката и целиот предмет го доставил на Врховниот суд на РСМ. Врховниот суд предлогот на тужената за определување на друг стварно надлежен суд по предметот на основниот суд Охрид го одби како неоснован и затоа постапката била продолжена и завршена пред Основниот суд во Охрид.

Судот во Охрид пресудил развод и определување на детето престој кај таткото. Другата страна, мајката, поднесува жалба пред Апелација во Битола.

Тука почнува серозен проблем, намера за „обработка“ на судскиот совет и судии од Апелација во Битола за да ја укинат пресудата од Охрид и пресудат во полза на другата страна.

Тужената страна која пред Основниот суд Охрид го загубила случајот има сменето неколку адвокати во постапката. На крај, пред да дојде предметот во Битола случајно, или сепак нем, се појавува адвокатката која била ќерка на судијка на Апелација во Битола, судот кој треба да решава по жалба на страната каде ќерката на на судијката од Апелација во последен момент се вклучува во предметот како адвокат на таа страна….

Но, „обработката“ на судии од Апелација во Битола не завршува тука.

На 17 јануари, пред да решава Апелација Битола по жалбата на пресудата од Основен суд Охрид, случајно или – сепак не, бидејќи законот не дозволува такви случаи каде судии или членови на нивно семејство тајно се среќаваат со страни во спорот, значи сепак не е случајно – на паркинг на бензинска пумпа Макпетрол во Ресен.

Редакцијата на порталот „Вечер“ поседува и видео снимка од настанот, со ликовите на спомнатите како и од нивните возила на местото на настанот.

Веднаш по ова сознание Кирил Спасески, брат  тужител во граѓанскиот спор во Охрид, и по која пресуда треба да решава Апелација во Битола каде судијка е спомнатата, а член на Апелација во Битола е и новоангажираната адвокатка, ќерка на судијката, значи Кирил Спасески по оваа средба поднесува кривична пријава до СВР Охрид. за корупција според член 353 од Кривичен закон на Македонија, прецизно за давање награда со цел вршење на противзаконско влијание.

Целиот текст на „Вечер“.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...