16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

<

Во продолжение целосната објава на Апасиев:

… „и го задржува звањето РЕДОВЕН ПРОФЕСОР доживотно“!

Кога професорката Поленак, како тогашен апсолвент, ме одбра како ДЕМОНСТРАТОР да и помагам при држењето на вежбите по Римско право, не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата. Мислев дека по напуштањето на „Јустинијан Први“, ќе продолжам со вообичаена правна работа во Велес или ќе се иселам во странство.

Но, го послушав советот на проф. Шкариќ и конкурирав на УГД во Штип… Ме примија за ПОМЛАД АСИСТЕНТ, па се попишманија!? Па малце се тужевме и ги добив судски вмровските директори на тогашната Агенцијата за вработување. После станав и АСИСТЕНТ.

Па, дојде денот да докторирам. Се сменија законите. Грујо ни воведе докторски студии. Докторирав во првата генерација на УКИМ по новата програма, ама имав звање АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНТ.

Правото ми беше многу бавно, па почнав да се бавам со политика… Ја формиравме Левица. Паралелно давав испити, пишував дисертација, држев настава и градев партија која сите ја исмеваа дека „нема шанси“. Во меѓувреме и се оженив.😍 Станував секој ден во пет и со превоз идев до Кочани, Струмица и Штип. Се будев во темница, се враќав во темница. Мислеа ќе се откажам. Ама, се е до психата. Битно е да си го напраиш „филмот“. Ја си го напраив дека сум патувачки учител, како во антика.😆

И така, едно пет-шест години. Од понеделник до петок. Со автобуси и комбиња до предавалните и амфитеатрите (btw, имавме и две сообраќајќи по патиштата). Ама не се откажав. Станав ДОЦЕНТ. Потоа регуларно и ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР, непосредно пред да станам пратеник. Еве сега, дочекав и РЕДОВЕН.

*Наравоучение до МЛАДИТЕ: работата е едноставна, дечки. Да не се откажеш! Животот е Борба. Бори се. Патетичноста е контрареволуционерна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...