10.9 C
Ohrid
вторник, март 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЗАПОЧНУВАМЕ ВОЈНА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ, ЌЕ ИМА НАЈСТРОГИ КАЗНИ И...

ЗАПОЧНУВАМЕ ВОЈНА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ, ЌЕ ИМА НАЈСТРОГИ КАЗНИ И БРКАЊЕ ОД РАБОТА ЗА ВИНОВНИТЕ

spot_img

ЗАПОЧНУВАМЕ ВОЈНА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ, ЌЕ ИМА НАЈСТРОГИ КАЗНИ И БРКАЊЕ ОД РАБОТА ЗА ВИНОВНИТЕ

<

Почитувана јавност, во моментов сум во КПД Скопје-Скопје, народски познат и како затворот Шутка, каде извршувам увид во преземените активности веднаш откако беше утврдено дека повеќе притворени лица користат мобилни телефони во притвор, што е најстрого забрането.

Мобилниот телефон на притворениот возач-убиец на Фросина Кулакова му е веднаш одземен, по спроведената акција попладнево, како и повеќе други телефони кои се пронајдени. Меѓу нив и телефонот на лицето кое го слика притворениот В.Ј.

Директорот на КПД Скопје, Бобан Утковски, ме информираше дека против лицата се преземени сите соодветни мерки кои се дозволени од законот, како би се обезбедиле протоколите и спроведувањето на законските прописи.

Со други зборови и поконкретно – лицата од фотографијата сосема сигурно повеќе нема да имаат можност да држат во рака мобилен телефон во КПД Скопје. Лицата кои ги кршат ваквите прописи и предизвикуваат оправдан бес и гнев меѓу семејството на убиената Кулакова, но и целата јавност, ќе бидат најстрого санкционирани.

Истото, и повеќе, важи особено за службениците платени од државата, од наши пари, за кои ќе биде утврдено дека во овој, но и во други случаи, овозможувале притворени лица да уживаат вакви, но и други „услуги“, на кои немаат право, односно им се најстрого забранети. Корупцијата во затворите е повеќедецениска пракса, за жал, и ги вложуваме сите наши ресурси, кои не се толкави колку што посакуваме, за да може да се бориме против неа, но можам да ве уверам дека од овој момент јас и мојот тим, во кој е и директорот Утковски, влегуваме во отворена војна со ваквите лица. И во таа војна ние ќе победуваме. Дали ќе успееме целосно да ја искорениме? Не знам. Веројатно многу тешко. Но знам дека ќе се бориме со сета снага и дека на корумпираните службеници кои ја предаваат државата со нивното срамно поведение животот ќе им стане пеколно комплициран, а ви ветувам и дека ќе ја изгубат работата.

Истрагата за овој случај е во тек, и ќе ја информирам јавноста со нови детали, кога ќе ги има. Имајте предвид дека за секаква одлука ќе е нужно да обезбедиме докази, а во услови во кои работиме, тоа може и да не биде пребрз процес, но бездруго со сета енергија ќе се впуштиме во истиот.

Упатувам длабоко сочуство до семејството на Кулакова и извинување за непријатноста која ја предизвикаа вознемирувачките фотографии во име на институцијата со која раководам и која ќе ги лоцира виновните за овој настан.

Сосема за крај, иако знам дека е во доменот на научната фантастика, но би сакал да упатам апел до СДСМ да престанат со нивната скандалозно нечовечка политика на злоупотреба на трагични настани, особено што се водени од човек во чие министерување гореа живи луѓе во болница која требаше да им обезбеди живот. Нивните обиди да поентираат политички во ваков трагичен случај се гласен сведок за трагедијата во која се претвори оваа некогаш респектабилна партија. Потсетувам на зборовите на еден родител на убиено дете кај Смилковското езеро кој Зоран Заев го нарече вистинскиот монструм, поради лагите кои им ги кажувал на семејството во обид политички да профитира на случајот, валкајќи ги рацете со крв, додека ја лажеше јавноста и ширеше вознемиреност и неизвесност. Бедно е што од Бихачка не може да излезат од таа матрица. Но, секој сам го бира својот пат.

Светол пат, Фросина. Ветувам дека ќе сториме се за да го заштитиме твоето семејство од политичките глодари и од корумпираните службеници во системот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Државата во Македонија ќе плаќа за кратење желудник на прекумерно дебелите, а операцијата ќе се прави кај нас место во странство

Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а трошокот ќе го покрие...

Почина затвореник во Штипскиот затвор.

70-годишен затвореник од Виница со иницијали Љ.И. почина во штипскиот затвор. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а телото на починатиот е дадено...

Бујар Османи: Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер Албанец!

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи повторно ја отвори темата премиер Албанец. „Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер Албанец“,...

Тепачки и димни бомби во српскиот парламент!

Жесток хаос во моментов владее во Собранието на Србија, каде пратениците од опозицијата фрлиле димни бомби и јајца по пратениците од владејачката коалиција. Дошло...