16.8 C
Ohrid
среда, септември 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со...

Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

HomeМакедонијаВести

<

Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов
Матеја Петровскифевруари 4, 2025
Семејствата на сега притворениот Васил Јованов, кој со своето дивјачко возење го одзеде животот на младата Фросина Кулакова и судијката Даниела Алексовска Стојановска биле поврзани пред повеќе од петнаесет години. Мајката на Јованов и сопругот на судијката, која место затворска казна за трговија со дрога, за 20 годишникот пресуди поблага мерка, пет години биле колеги, работеле во иста фирма, во периодот од 2003-та до 2008-ма година.

Тоа може да се види со проверките на нивните јавни профили на професионалните социјални мрежи. На Линкдин на сопругот на Алексовска Стојановски стои дека се уште работи во таа компанија, а има ангажман и во фирма поврзана со истата. На профилот на мајката на Васил Јованов стои дека биле колеги нешто повеќе од пет години, во периодот од јануари 2003-та до февруари 2008-ма.

Поради оваа фактичка состојба се поставува прашањето дали судијката воопшто и смеела да одлучува во предметот на Јованов. Пристраноста е основ поради кој судија би требало да биде изземен или самиот да се изземе од процес. Уште поголем сомнеж дека може да има пристраност е што за трговија со дрога, спротивно на праксата, 20 годишиот Васил не добил затворска казна, туку пресуда да оди во поправен дом.

Во членот 33 став 2 од Законот за кривична постапка јасно е напишано дека доколку постои сомнеж за непристрансноста на судија, тој треба да биде изземен.

-Судија или судија – поротник може да биде изземен од вршење на судска должност, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, се вели во член 33 став 2 од ЗКП.

Каква ќе биде судбината на судијката Алексовска Стојановска не се знае. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски без одговор дали воопшто ќе ја повикаат на разговор и дали ќе има одговорност за неа.

-Па не знам сега би требало да, не знам, да видиме кои се фактите за случајот и се ќе си оди во некоја предвидена процедура… Ние будно следиме да цело време, што не значи дека ќе отвораме некоја постапка против судијката или пак дека нема да отвораме, не сакам сега да преудицирам, изјави Камбовски.

Засега реагираше министерот за правда Игор Филков. Ја разреши од телото за реформи во правосудството, судијката која го навлече гневот на целата јавност. Се бараат одговори зошто иако осуден, го пуштила Јованов на слобода до прависолноста на пресудата.

Матеја Петровски Tv Alfa

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежа Одделот...

Охрид му оддаде признание на спортскиот херој Марко Пејчиновски за „Ironman” подвигот

Чест ми е што денеска имав можност лично да му честитам на нашиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада „Ironman“...

Две години казна затвор за тепачот на Данела Арсовска – командант Барути

Две години казна затвор и продолжување на притворот доби Сулејман Љамалари познат како Командант Барути обвинет дека физички и вербало ја нападнал градоначалничката на Скопје,...

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 со 15.000 војници.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за време на вчерашниот говор во Чаир, зборувал за наводите што ги измислуваат, како што вели,...