14.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски: Фокусирани сме на булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчесто...

Тошковски: Фокусирани сме на булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчесто се случуваат сообраќајните несреќи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на својот фејсбук профил објави дека вечерва ги посетил полициските службеници кои учествуваат во засилените сообраќајни акциски контроли низ главниот град.
„Вечерва бев во посета на полициските службеници кои учествуваат во засилените сообраќајни акциски контроли низ главниот град. Фокусирани сме на булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчесто се случуваат сообраќајните несреќи и се одземаат човечки животи.

<

Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето, односно човечкиот живот.

Статистички најголем број сообраќајни прекршоци се со возење со брзина поголема од дозволената. Само во текот на вчерашната вечер санкционирани се 360 учесници во сообраќајот, од кои 29 возачи управувале без возачка дозвола, четворица управувале под дејство на алкохол, 79 возачи возеле со брзина поголема од дозволената. Ова е само во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје.

МВР ќе преземе голем број дејствија во рамки на надлежностите и ќе делуваме максимално активно и превентивно во дејствијата кои може да се преземат од наша страна.
Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...