24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаТаткото на Васил: Не сме богата фамилија ниту пак влијателна,изразувајќи сочувство на...

Таткото на Васил: Не сме богата фамилија ниту пак влијателна,изразувајќи сочувство на семејството на Фросина.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина.

<

Тие, заедно со бранителот на Васил, адвокат Сашко Дуковски, на денешната прес-конференција зборуваа за околностите на настанот, нивното длабоко жалење и демантираа повеќе од наводите изнесени во јавноста.

Според изјавите на родителите, Васил по првата пресуда не консумирал дрога и алкохол, работел со психолог и посетувал теретана.

Вечерта на несреќата, по подолго време се напил алкохол при отворање на кафуле на негов пријател.

Посочија дека не му дале дозвола на Васил да го управува автомобилот без возачка дозвола и дека тој го украл од нив. Негираа каква и да било поврзаност со судијката Даниела Алексовска Стојановска.

– Ние сме фамилија на која приходите исклучиво им се од плата. Не сме богата фамилија, уште помалку влијателна и немам никаде и кај никого интервенирано за било какво намалување на казните на син ми. Немаме други станови во Скопје. Судијката на случајот воопшто не ја познавав претходно, ја видов во судница. Од аспект на родител не направив ама баш ништо за Васил да поминува неказнет низ системот како што беше кажано. Тоа најодговорно го тврдам, пред Бога и пред вас. Најдлабоко сочувство до семејството на родителите, рече таткото на Васил.

Рече дека уште од првиот момент кога разбрал за настанот, чувствувал потреба да изрази сочувство, но дека имало напади кон возачот и проценил дека во тој момент може само да ја влоши ситуацијата доколку изрази сочувство.

– Размислував да го направам тоа на самото лице место кога сфатив дека тоа се нејзините родители, но имаше ситуација од нивни блиски, се упатуваа закани кон возачот. Направив проценка дека ако во тој момент пристапам кон родителите најверојатно само ќе ја влошам состојбата, така барем размислував. Тогаш помислив дека е најдобро за неколку дена, но работите отидоа предалеку и немаше простор за лично сочувство, затоа мораме вака јавно да изразиме сочувство, рече таткото на Васил.
Бранителот на Васил, адвокат Дуковски, демантираше повеќе наводи изнесени во јавноста, како што се брзината на возење во моментот на несреќата и наводните протекции на родителите.

Рече дека вешташењето е вчера почнато и повика немсто повици за линч, да се остави институциите да си ја работат работата.

– Она што ме поттикна и што не можев да поминам преку тоа е изразувањето на многу ноторни невистини, повик на линч, повик на крв и наместо воспоставување на право со владење на законите во една демократска и правн адржава во една обвинителска и судска постапка, воспоставување или обид за воспоставување на т.н. начело – око за око, заб за заб. Во последниот период видовте низа т. н. експерти кои се низата за постапката, а постапката не трае ни една недела.

Вчера беа донесени првите наредба за сообраќајно техничко вешташење, но јавноста беше индоктринирана со неколку нереални, неточни и насочени кон подигањето на јавниот гнев и повик на линч кон осомничениот Васил Јованов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...