26.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаГерманска болница полна со специјалисти од Македонија

Германска болница полна со специјалисти од Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако отидете на оваа клиника во Германија, ќе можете слободно да си зборувате на македонски јазик затоа што голем број од лекарите се Македонци. Станува збор за клиниката „Рон“ во германскиот град Бад Нојштат, во чија посета деновиве беше амбасадорот на Македонија во Германија, Илбер Села.

<

Од Амбасадата гордо објавија дека на оваа клиника работи висококвалификуван лекарски тим од македонски кардиолози, кардиохирурзи, неврохирурзи, психијатри, пулмолози, анестезиолози и друг медицински персонал предводен од д-р Горан Трајковски, кардиолог, шеф на амбулантното одделение.

Болницата е со капацитет од околу 800 кревети. Од Амбасадата упатија благодарност до македонските доктори кои изразиле интерес за соработка со матичната земја во областа на медицината. Во благодарницата од Амбасадата ги наведуваат сите лекари што работат во оваа клиника, па така на листата се најдоа д-р Горан Трајковски – кардиолог и директор во Центарот за медицинска нега во Бад Нојштат, д-р Емилија Јовановска Трајковска – психијатар и виш лекар во психосоматска клиника, д-р Томе Ристов – кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија, д-р Лепосава Михајлоска – кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија, д-р Ирена Кирова – невролог и виш лекар на клиниката за неврологија, д-р Гордана Трајчова Митреска – виш лекар на клиниката за анестезиологија, д-р Кирил Долдуров – кардиохирург и виш лекар на клиниката за кардиоваскуларни болести, д-р Даниел Арсовски – невролог и виш лекар на невролошката клиника, д-р Горан Ѓоргиев – невролог и специјалист по клиника за неврологија, д-р Натали Николоска – асистент-доктор на клиниката за неврологија, д-р Теа Михајлова – асистент-доктор, д-р Христина Рибарска – асистент-доктор на клиниката за анестезиологија и д-р Николина Димкова – асистент-доктор во психосоматска клиника.

Понатаму, на листата се најдоа и д-р Атанас Јанкуловски – кардиохирург, виш лекар на клиниката за кардиоваскуларни болести, д-р Ѓоко Кучиноски – кардиохирург, специјалист на клиниката за кардиоваскуларни болести, д-р Татјана Дејкоска – анестезиолог, специјалист на Клиниката за анестезиологија, д-р Марија Ломан – доктор во психосоматска клиника, д-р Маја Арсова – доктор во психосоматска клиника, д-р Анита Дукоска Иваноска – пулмолог, специјалист во Торакален центар во Минерштат и д-р Јоана Ристов – пулмолог, специјалист во Торакс центарот во Минерштат.

Листата содржи 20 лекари, врвни македонски специјалисти. Честитки за Германија!

Фото: Амбасада на Македонија во Германија
Текст Факултети.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го фатиле како краде краде лубеници, па со Роцангла го претепале до смрт.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело...

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен

Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време...

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...