10.3 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаОдличен старт на натпреварувачката 2025 година за М.Т.Т.Ф

Одличен старт на натпреварувачката 2025 година за М.Т.Т.Ф

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одличен старт на натпреварувачката 2025 година за М.Т.Т.Ф

<

На 22.02 2025 година, Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) ја започна натпреварувачката година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2025” во соседна Албанија. Оваа година, нашите натпреварувачи постигнаа извонредни резултати, освојувајќи вкупно 17 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали, како и 5 пехари за најдобри поединци. Едно од најзначајните достигнувања е и освојувањето на пехарот за второ место во екипна конкуренција.

Македонската екипа составена од 19 натпреварувачи, 2судии, 2 тренери и 3 официјални лица, учествуваше заедно со 18 клубови од 6 европски земји: Шведска, Грција, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Конкуренцијата беше жестока, но нашите натпреварувачи, кои натпреваруваа во двете дисциплини – форми и борби, уште еднаш покажаа зошто сме горди на нив.
Одлични резултати постигнаа следниве клубови:
– **ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид**: 6 златни, 3 сребрени, 2 бронзени и 2 пехари за поединци.
– **ТК “МАСТЕР” Охрид**: 2 златни и 4 бронзени медали.
– **ТК “ЧОНЏИ” Косел Охрид**: 3 златни, 1 сребрен и пехар за најдобар поединец (кадет).
– **ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга**: 5 златни, 1 сребрен, 4 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниор).
– **ТК “АХИЛИУС” Скопје**: 3 златни, 1 сребрен, 2 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниорка).
Честитки за организаторите на “Тирана Опен” за одличната организација и квалитетниот натпревар, кој беше повеќе од потребен по краткиот период од претходниот натпревар. Искрената благодарност ја упатуваме до нашиот генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерството за спорт и Општината Охрид. Ве известуваме дека Државното првенство во Таеквон-до ИТФ ќе се одржи на 15 март во мала сала С.Р.Ц. Билјанини извори, организирано од клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој е првиот отворен клуб во Македонија. Право на учество имаат сите членови на М.Т.Т.Ф.По државното првенство, продолжуваме со подготовки за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија од 28.04 до 04.05.2025 година, изјави Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф. Честитки на сите наши натпреварувачи и многу успех во идните натпревари!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...