14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПалчо влета и му испука куршум во слепоочницата на Панче – шокантно...

Палчо влета и му испука куршум во слепоочницата на Панче – шокантно сведоштво на Велибор Манев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинетиот Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска во судница даде исказ за двојното убиство. Тој до најмал детал раскажа како биле направен планот за грабнување, како биле грабнати Вања и Панче и како биле убиени. Сведочењето го пренесуваме како што течеше и неговото признание.

<

Со Боре Видевски се познавам од дете, од училишните денови, а со Љупчо Палевски се познавам од 2018 година, преку фејсбук. Отидов во канцелариите на партијата, а потоа станав член, и сега сум овде, со неговото знаење. Со Влатко Кешишев се познаваме две и пол години, ако не го сметам времето во притвор. Тој 24 часа беше со Палевски. Му готвеше, му ги оддржуваше канцелариите. И тој е тука зошто му ја даде довербата на Палевски, појасни Манев.

За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, пак рече дека не го познавал, ниту пак некогаш го видел. За починатиот Панче Жежовски рече дека се познавале оддамна, му работел на куќата, пред 15 години, и му останал должен.
Ми остана должен 1.500 евра. Се скаравме тогаш, во лутината му извадив 12 квадрати од бекатон плочките што му ги редев, а тој повика полиција. Ме опоменаа дека не смеам така и по тоа дигнав раце. Уште еднаш потоа отидов во фризерницата, му ги побарав парите што му ги должи, сакав да го тепам, но дигнав раце и оставив на Господ, рече обвинетиот.

Тој одговори дека тој ја копал скривницата, во која требало да ги сместат грабнатите.

-Јас ја копав дупката, заедно со Влатко Кешишев. Целта беше да се чуваат грабнатите лица и да се пуштат откако ќе се изврши наплатата. Првично требаше Панче Жежовски да биде грабнат, да биде спуштен внатре врзан со синџир за бетонски столб, да се искористи неговото возило за грабнување на особо, жена од 38-40 годишна возраст. Откако ќе се грабне таа, да се направи замена. Панче да се пушти да си замине со колата, а жената да биде чувана додека не се изврши наплата. Дупката беше ископана една година претходно, рече обвинетиот.

Тој појасни дека првично барале некој објект каде што ќе бидат чувани грабнатите, но не нашле. Еден ден во партијата, Палески му рекол да се прошетаат.

Рече дека објект тешко може да се најде, некоја земуница (дупка) каде што ќе можеме да ги чуваме грабнатите. Откако заедно го најдовме местото одлучи тука да се направи дупката и ја оставивме природата да ја замаскира сама. За одлуката за грабнување на Панче, околу месец и пол, Палевски бараше некоја кола необележана, крадена, за да може со неа да го извршиме грабнувањето. По негов предлог баравме пензионер сам, да му ја искористиме колата и потоа да го пуштиме. Му кажав дека има еден таков кај мене, што ми го земал лебот, па да го искористиме него. На почетокот бевме ние тројца, а би фалеше уште еден. Боре беше постојано со мене, му предложив и отиде да разговара со Палчо да се приклучи како четврти член на групата, рече Манев.

Тој појасни кога ии како го грабнале Панче Жежовски.

Го грабнавме на 23 ноември. На 22- ри дојдоа Влатко и Палчо за да Палевски го провери местото дали може да се изврши грабнувањето. Отидовме, го виде, и одлучи наредната вечер да го грабнеме. Наредниот ден, во раните утрински часовх, кога дојдоа пиевме кафе и кон 5.30-6 часот тргневме да го земеме Панче. Инаку, снимките што ги гледавме, од моите камери, не се совпаѓа со ова време. Отидовме кај куќата на Панче, јас Боре и Палчо. Кешишев го зема ,,реното гангу” и не чекаше кај пругата. Мислевме сам ќе излезе и чекавме до 7.45 часот. Не излезе, па Палчо преку моторола рече да му тропнеме на врата и тука да се врзе и да се земе. Јас не можев да се појавам бидејќи ме познава, ми го познава гласот. Одлучи Боре да тропне на вратат и да го бутне, а ние да притрчаме и да го врземе. Боре постапи така како што му кажа Палчо. Го бутна и Палчо влезе во предсобјето и бидејќи Панче викаше, јас се доближив, му ја ставив раката на устата. Бевме со маски, не не позна никој. Почнав да му ги врзувам рацете, а Палчо влезе во куќата. Го зема неговиот телефон, ги извади клучевите, а на нив беа и клучевите од возилото. Палчо отиде да ја запали колата, а ние го однесовме Панче да го ставиме во гепек. Се симнавме каде што не чекаше Кешишев, рече обвинетиот.

Тогаш ставиле гориво во колата на Панче.

Додека сме го ставале горивото, Палевски го фрлил телефонот на Панче во долот. После тоа се упативме према копаната земуница, да го спуштиме долу. Поминавме покрај Романтик, по стариот пат за Скопје и кон местото Рудник. рече Манев.

Појасни дека претходната вечер со Кешишев отишле до бензинска и во две туби наполниле гориво. За време на грабнувањето рече дека комуницирале преку моторола.

-Кешишев и Палчо беа во ,,реното кангу”, а јас и Боре во колата на Панче. Го изнесовме Панче од колата, го донесовме до самиот отвор на земуницата. Му ги одврзавме рацете, за да можеме да го спуштиме по скалите. Тука не напоменав само дека Кешишев и возилото останаа 300-400 метри подалеку, а Палчо дојде со нас, во ,,цитроенот”. Откако се навеснав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш, и му испука куршум во слепочница. Јас останав без зборови, срипав и излегов надвор од шумичката. Бев во ситуација пред колабирање. Се тресев од тоа што го видов. Го видов и Боре како излегува молчешкум од местото, а Палевски го преврте Панче со се церадата во дупката. Потоа дојде до мене и го прашав зошто ова, не требаше вака. Тој ми вика, вака е почисто, нема што да се секираш. Му реков дека не сакам вака да продолжам, зошто за такво нешто не сум ни помислил. Ми рече, го цитирам:,,Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија”!, рече Манев.

Тој додаде дека по неколку дена го затрупале телото со Боре, за да не почне да мириса.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...