28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаУниверзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје воведува хирушки методи за...

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје воведува хирушки методи за третман на уринарна инконтиненција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЈЗУ У ГАК ВОВЕДУВА МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ ХИРУРШКИ МЕТОДИ ЗА ТРЕТМАН НА УРИНАРНА ИНКОНТИНЕНЦИЈА

<

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се одржа првата стручна работилница за минимално инвазивен третман на пациентки со уринарна инконтиненцијаѓ предводена од доц. д-р Мија Благање од Клиниката за гинекологија и акушерство во Љубљана, Словенија.

Стручната работилница е резултат на билатералната соработка што директорката на ЈЗУ У ГАК-Скопје, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, ја воспостави со проф. д-р Борут Кобал, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство во Љубљана, Словенија.

По иницијатива на директорката на ЈЗУ У ГАК – Скопје, по речиси две децении, повторно почна да се работи интервенцијата која ќе го отстранува проблемот на пациентките кои се соочуваат со уринарна стрес инконтинеција (неволно испуштање на урина), што е сѐ почест проблем кај современата жена.

Поради тоа, нашата Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ги воведува Tension-Free Vaginal Tape (TVT) и Transobturator Tape (TOT). Станува збор за напредни минимално инвазивни хируршки методи за третман на неволно испуштање на урина, со што се отвора ново поглавје во грижата за женското здравје во Македонија.

Во рамки на билатералната соработка помеѓу ЈЗУ У ГАК – Скопје и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Љубљана, проф д-р Ирена Алексиоска Папестиев и асс. д-р Боривоје Павловски за време на нивниот престој во Словенија имаа можност да се усовршуваaт за најсовремените пристапи за третман на стрес уринарна инконтиненција.

На стручна работилница која се одржа на ЈУЗ У ГАК-Скопје под водство на доц. д-р Благање, инаку една од водечките европски едукаторки за минимално инвазивна хирургија, терапија и третман на урогинекологија, беа демонстрирани двете техники за минимално инвазивен третман, а успешно беа изведени и повеќе TVT и TOT процедури.

Оваа метода ќе овозможи максимални резултати со минимални зафати, а процедурата овозможува покус престој на пациентките во болница и продолжен квалитет на живот на жената.

– Чинот на повторно воведување на оваа метода по 20 години е резултат на континуираните заложби на менаџментот на Клиниката, кој активно работи на имплементација на медицински достигнувања и технологии. Ваквите иницијативи не само што ја зголемуваат достапноста на третманите на сите пациентки, туку директно влијаат на квалитетот на живот на голем број од поупулацијата во нашата држава – објаснува директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Алексиоска Папестиев.

Оваа интервенција која на ЈЗУ У ГАК е достапна за секого и е регулирана од Фондот за здравствено осигурување, претставува значаен исчекор во грижата за женското здравје, овозможувајќи ефикасно и трајно решение за овој често занемарен проблем.

Инаку, уринарната стрес инконтиненција е состојба при која доаѓа до неконтролирано испуштање урина при кашлање, кивање, смеење или при физичка активност. Најчесто се јавува како последица на ослабена поддршка на уретрата поради породување, хормонални промени, стареење или при хроничен притисок врз карличното дно.

Пациентките кои ги мачи оваа состојба се соочуваат со намалена самодоверба, страв од непредвидливи ситуации во јавност, што често го лимитира нивниот социјален живот и сериозно влијае врз квалитетот на севкупниот живот на жената која живее со овој проблем.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....