19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаUncategorized @mkКошаркарот на Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги...

Кошаркарот на Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани, во која починаа 59 лица, а стотина се повредени.

<

Тажната вест ја потврдија од неговиот клуб, кој е еден од најголемите расадници на таленти во Источна Македонија.

Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочуство до семејството“, напишаа од Дино баскет.

Ивановски, кој имаше 20 години, кариерата ја почна уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и оствари многу победи со кочанскиот третолигаш во сите возрасни категории. Тој е втор спортист меѓу загинатите во ужасната несреќа во Кочани, по фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...