27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМедицински авион на бугарското воздухопловство слета попладнево на Скопскиот аеродром за да...

Медицински авион на бугарското воздухопловство слета попладнево на Скопскиот аеродром за да преземе дел од критичните пациенти настрадани при пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Медицински авион на бугарското воздухопловство слета попладнево на Скопскиот аеродром за да преземе дел од критичните пациенти настрадани при пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Авион од типот Алениа Спартан е со медицинска екипа, лекари за реанимација и специјалисти за изгореници.

<

Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека повредените кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на лекување во Бугарија, Турција, Грција и во Србија кои понудија помош неколку часа по несреќата.

„Се јавија и болници од Холандија, од Албанија. Оставам на анестезиолозите да одлучат за понатамошниот третман на најкритичните пациенти“, рече Таравари.

Во пожарот кој утрово околу 2 часот изби во кочанската дискотека според досегашните официјални информации загинаа 59 лица, меѓу кои има малолетници. Хоспитализирани се 155 луѓе од различни здравствени установи низ државата. Загинатите се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип.
Sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...