29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНи војската не помогна: Паланка се уште под окупација на кравите !!!

Ни војската не помогна: Паланка се уште под окупација на кравите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Крива Паланка се уште е под окупација на крави, иако имаше најави дека ќе се ангажираат и припадници на Армијата на Република Македонија за справување со кравите.
Претходно градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со граѓани на Крива Паланка излезе на прес-конференција на која обвини за нехумано третирање на животните и побара надлежните да реагираат.

<

– Државата и институциите мора да ги почитуваат законите и да ги спроведуваат во целост. Решенијата кои ги носи одредена институција мора да ги спроведува во целост. Пред точно една година на 05.03.2024 година Комисијата за одлучување по прекршоци при АХВ по извршениот вонреден инспекциски надзор кој констатирал дека не се обезбедени соодветни услови за чување на животните.

АХЦ вели дека за лицата се изрекува посебна мерка одземање на животните, објасни градоначалникот Митовски кој додаде дека Решенијата се извршни и правосилни, но прашање е зошто не се постапува по истите.

– Уште колку граѓаните на Крива Паланка ќе трпат штета? – праша градоначалникот кој истакна дека граѓаните се заложници на семејство кое се претставува како чесни земјоделци и сточари, но врши тортура на животните.

Градоначалникот истакна дека покрај штетите на приватен имот и земјоделски површини, има и повреди на луѓе и регистрирано е загадување на водата поради удавени говеда.

Граѓанка на Крива Паланка кажа дека едно од говедата ѝ скршило рака, а еден од сопствениците ѝ се заканил дека ќе ја убие ако го пријави.

– Не можеме да спиеме, немаме мир, истакна граѓанка.

Сведоштво сподели и друг граѓанин кој, како што кажа, од добитокот му бил уништен 7 декари земјоделска површина со земјоделски производи, а како што вели сопственикот му рекол дека никој ништо не им може.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...