22.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОва не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа...

Ова не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа во Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои денеска на маршот ги носеа кочанчани. Семејствата носеа слики од загинатите млади луѓе.

<

Тие бараат правда за жртвите кои загинаа во пожарот во дискотеката Пулс на 16 март годинава. На 16 на лице место загинаа 59 луѓе, а вчера почина и Александар Карадаковски кој беше однесен на лекување во Литванија. Повредени беа над 200 луѓе. На концертот на ДНК, од пиротехника се запали плафонот и предизвика пожар.

Телото на Карадаковски ќе биде транспортирано во Македонија, а обдукцијата на телото ќе биде извршена во Судска медицина во Скопје, соопшти министерот на здравство.

Инаку, тој беше еден од 27-те осомничени физички лица во истрагата за пожарот што ја отвори Основното јавно обвинителство во Кочани, но постапката за него ќе биде прекината, информираа вчера од Јавното обвинителство.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...