11.9 C
Ohrid
сабота, април 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дали работат операционите сали на Клиниката за кардиохирургија и дали поголем дел од персоналот е на симпозиум? Дали овие се причините поради кои што почина 57-годишниот Тони Ангелковски чие семејство бара правда и внимание од здравствените власти кои ги игнорираат нивните молби? Зошто не бил опериран и покрај тоа што дошол во влошена итна состојба, со пукната аорта на срцето? Семејството е неутешно и гневно пишува Слободен печат.
Ацо Николовски, роднина на покојниот Ангелковски за „Слободен печат“ тврди дека на човекот му се слошило завчера утрото.
Се жалеше на болки во стомакот и градите. Матичната докторка го препрати во ГОБ „8 Септември“, но таму кажаа дека е за на Клинички центар. Кога пристигна на Ургентен центар, снимките со компјутерско снимање покажаа дека аортата е пукната. Но, на Клиниката за кардиохирургија му кажуваат на семејството дека нема слободни сали, па да го носат во приватна клиника со која ФЗОМ има склучено договор. Таму им рекле дека треба да чекаат 7 дена за да дојде делот што треба да го вградат и дека ќе чини илјадници евра. Ова е просечно семејство што живее од плата, па се враќаат на државна Кардиохирургија. Имаме снимки како ни викнаа обезбедување на Кардиохирургија. Ни кажаа дека не можат да преземат ништо. Го хоспитализираа, без да му прават операција и почина, изјави за „Слободен печат“ Николовски.

<

Семејството поседува видео-снимки од исфрлувањето од болница. Извори од Државна Кардиохирургија кои инсистираат на анонимност бидејќи знаат дека ќе добијат отказ доколку зборуваат јавно, апелираат државните институции да се ангажираат итно и да не го заташкуваат случајот во кој не му била пружена итна здравствена грижа на пациентот кој починал. Велат дека дури и да биле нефункционални хируршките сали на Кардиохирургија, морало дежурните доктори да прашаат на која друга клиника во Клинички центар има слободна операциона сала и да го оперираат пациентот .

-Пациентот дојде со дисекција тип Б, тоа значи дека му е пукната аортата и крвари. Тоа е итен случај, без разлика дали ни работат или не салите, нема простор за препраќање во друга институција, мора да биде итно згрижен бидејќи ние сме единствена државна клиника што ги третира тие случаи. Ние навистина не работевме редовен програм ама за итни мора да се работи. Ова е недозволливо независно од тоа која партија е на власт и кој е министер, изјави за „Слободен печат“ извор од болницата чиј идентитет ѝ е познат на нашата редакција а кој инсистира на анонимност поради страв од одмазда.

Фамилијата бара премиерот Христијан Мицкоски и министерот Арбен Таравари да се ангажираат. Да има истрага и да има разрешница.

-Човекот беше со пукната аорта и никој ништо не презема, го оставија човекот тивко да си умре дури и фамилијата на најгруб можен начин беше избркана од државна. За ова имаме и снимени видеа. Министерот за здравство и нашиот ценет премиер да видат и да не побараат некој мора да одговара за ова, додава Ацо Николовски, член на семејството на починатиот пациент.

Тој вели дека е недозволливо цел живот човек да плаќа здравствени придонеси и првиот пат кога треба да побара здравствена услуга да биде оставен да почине. А конкретниот пациент здравствено осигурување плаќал 35 години. „Слободен печат“ се обрати во Министерството за здравство и до Државниот здравствен и санитарен инспекторат за овој случај. Министерството за здравство молчи, а од ДСЗИ не постапуваат зашто никој не им наложил.

Ве информираме дека кога станува збор за вакви ситуации, Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува само доколку има Налог од министерот за здравство или пријава од семејството на пациентот. Во конкретниот случај до ДСЗИ не е доставен Налог за вонреден инспекциски надзор, ниту пак пријава од член на семејството, изјавија за „Слободен печат“ од ДСЗИ.

Се јавивме кај кардиохирургот доктор Никола Лазовски но тој ни рече дека не е повеќе директор и дека клиниката ќе излезела со официјално соопштение. На прашањето дали поголем број од лекарите од државна кардиохирургија се на симпозиум, повтори дека клиниката ќе излезе со официјално соопштение.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Богојески ќе тужи самонаречени „новинари поврзани со сдсм и дуи“, ширеле лажни информации и материјали против него

Петар Богојески ќе отпочне правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и „одредени политички партии, нивни функционери, невладини...

Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“...

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. ЗУ Општа болница...

Независниот советник Венко Крстевски најави кандидатура за в.д градоначалник на Кочани

Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. градоначалник во Кочани. Дали се...