14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кои се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие неколку дена, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, а се обидуваме да договориме уште најмалку два лета со Ер Арабиaн, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на официјалната владина посета на Обединетите Арапски Емирати.

<

Ја продолжуваме посетата на Обединетите Арапски Емирати. Делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварува средби со бизнис коморите во двата големи емирати, емиратот Шарџ и емиратот Дубаи. Зборуваме за можностите за инвестиции во Македонија во делот на инфрструктурата, туризмот, во делот на земјоделието. Зборуваме за големите можности што ги носи туризмот во Македонија и планинскиот и езерскиот. Исто така за коридорите 8 и 10 кои се значајни за поврзување за цела Европа, не само за Македонија, ги презентираме пред стопанските комори во Обединетите Арапски Емирати како начин да привлечеме инвеститори во Македонија. Исто така и политичкиот дел на посетата е исклучително значаен, имавме ислучително добра средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, во текот на утрешениот ден ќе имаме средба со премиерот, а денеска на ниво на министри ќе бидат потпишани неколку значајни договори за економска, образовна и туристичка соработка, што ќе придонесе за уште побрз развој. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со ФлајДубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион како дополнително би се развил туризмот. Со овие средби се надеваме дека ќе се привлечат инвеститори во Македонија, ќе се отворат нови добро платени работни места и државата може да напредува – изјави вицепремиерот Николоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...