21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНотарка навредувала слеп човек со зборовите: Неписмен, ниту гледаш ниту слушаш !!!

Нотарка навредувала слеп човек со зборовите: Неписмен, ниту гледаш ниту слушаш !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила вознемирување и директна дискриминација од нотарка кон слепо лице, но и дискриминација од Министерството за правда кон целата популација слепи, односно лица со оштетен вид во Македонија. Дискриминацијата е врз основа на попреченост во областа на пристап до нотарските услуги на лицата со попреченост.

<

Комисијата споила во еден предмет две пријави, како од здружение на слепи лица, така и лично поднесена, од лице со целосно оштетен вид, кому нотарка му викала, го понижувала во нејзината канцеларија, му ја натопила и размачкала целата рака со мастило, место само врвот од показалецот за да се потпише со отисок, потоа инсистирала како знае да најде уште еден сведок за изработката на нотарскиот акт и на крајот му наплатила место 710 денари за услугата. Лица без попреченост за истата нотарска услуга би платило 200 денари, но законот пропишува баш за услуги кон тие лица, бидејќи доаѓаат со сведоци да се наплаќа и тројно повеќе. Поради тоа Комисијата бара и Министерството за правда да подготви законски измени.

Тој кај нотарката дошол со придружба, со сестра си. Нотарката воопшто не го гледала додека зборувала, поради што сестрата ѝ рекла: „Тој е тука во просторијава, гледајте во него додека зборувате“.

„Како да му зборувам нему, тој ниту ме гледа, ниту ме слуша“, одговорила нотарката.

„Ти си неписмен, откаде знаеш што потпишуваш“, продолжила таа да го дискриминира, на што слепиот човек ѝ рекол дека сам ја составил изјавата, побарал да му ја завери, да плати и да си оди како сите други странки.

Место тоа, му дала празен лист да го провери дали е писмен и му рекла да се потпише. Понижен, човекот се потпишал со скратениот потпис, како на личната карта што му ја издало МВР. Во претставката тој навел дека нотарката вербално агресивно го нападнала, викајќи дека не ја интересира што МВР му дозволиле да се потпишува место да му земе отпечаток со мастило, дека таа работи по закон и ако не ѝ се допаѓа, да си замине од нејзината канцеларија.

Потоа го натерала да бара друг сведок место неговата сестра, за што изгубил уште еден час. Во изјавата напишала дека таа му ја прочитала, што не било точно, а направила и физички инцидент како што се наведува во предметот, размачкувајќи му ја со мастило целата рака на слепиот клиент, место само врвот од палецот, по што тој едвај се исчистил.

На крајот му наплатила несразмерно повисоки трошоци за истата работа, од тие на лицата без сведоци, односно без попречености.

Нотарката во писмениот одговор до Комисијата, негирала дека извршила дискриминација и дека го бркала од канцеларијата, односно дека лицето со попреченост манифестирало моќ, викало во нејзината канцеларија и иако ги знаел прописите, инсистирало да бидат прекршени во неговиот случај, во делот за сведоците.

Здружението на слепи лица, пак, ја поднело својата групна претставка до Комисијата за дискриминација откако веќе подолг период членовите, слепи лица, поднесувале поплаки дека трпат дискриминација кога составуваат нотарски договори или други акти пред нотар. Се жалеле дека се принудувани од оној мал круг на луѓе кои ги познаваат, да наоѓаат по двајца сведоци за на нотар, а кои не смее да му се роднини и да ги молат да дојдат на нотар во работно време, што е многу тешко.
За повеќе детали Тука- Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...