28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари.

<

Министерот кажа дека кумановската болница од почетокот на годинава досега со своите возила транспортирала околу 300 пациенти од Куманово за Скопје. Кумановската болница со донираното возило сега има пет амбулантски возила со кои воедно се транспортираат и пациенти од болницата до домовите.

-Се надевам дека ќе има повеќе општествено -одговорни компании кои се подготвени да помагаат во јавно- здравствените установи. Продолжуваме со инвестиции од директорот дознавам дека веќе се подготвуваат инвестиции на неврологија, психијатрија пералната, кујната коишто ќе ги направи општата болница со сопствени средства, изјави Таравари.

Директорот на болницата, Сашо Стошевски рече дека возилото е добредојдено и со останатите четири функционални возила ќе се обезбеди побрз и поефикасен транспорт на пациентите.

-Да се заблагодариме на компанијата „Балкан Груп“ , нашата кумановска компанија. Во планот за 2025 имаме планирано набавка на уште едно возило, но доколку добиеме од Министерството за здравство ќе ги пренасочиме средствата за други потреби на пациентите, рече Стошевски.

Тој ги повикаа општествено- одговорните компании да донираат.

-Да разбереме дека сите ние еден ден ќе бидеме пациенти во оваа болница и поддршката секогаш е потребна, рече Стошевски.

Директорот на „Балкан Груп“, Давид Ивановски рече дека со тимот работеле одлучиле да донираат возило, посочувајќи дека и тој е роден во болницата, а и неговата мајка 37 години работи во здравствената установа. Тој ги повика останатите компании согласно можностите да го следат примерот на неговата фирма и да донираат за болницата.

Министерот Таравари, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека кумановската е една од најзначајните болници, бидејќи покрива територија со 200.000 жители и нуди здравствени услуги за пациентите од североистокот и Министерството ќе одвои средства за набавка на возила и други потреби, санации на болницата. Тој дополни дека не е почната процедурата за набавка на магнетна резонанца, но дека кумановската болница заслужува да има таков апарат, бидејќи е една од најголемите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...