21.5 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаНа скала од 1 до 5, патната инфраструктура во Македонија експертите ја...

На скала од 1 до 5, патната инфраструктура во Македонија експертите ја оценуваат со 3 или 4

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На скала од еден од пет,патната инфраструктура во Македонија експертите ја оценуваат со просек помеѓу три и четири.Патиштата од највисок ранг во нашата држава се дефинирани со паневропските коридори 8 и 10 и треба да бидат во најмала рака експресни,иако крајна цел е нивно автопатско поврзување.Во овој поглед Македонија со децении каска, за илустрација 57-те километри од автопатот Кичево-Охрид на кој сега интезивно се работи,а се гради цели 11 години требаше да биде готов во 2018-та.

<

“Ние во овој трисет и неколку годишен период не разбравме, не научивме дека инфраструктурата е основниот и најважниот елемент за државата.Значи мора да сфатиме дека сообраќајната инфраструктура е крвотот на секојдневното живеење на сите нас, основен фактор за развој на екномијата на државата”-вели проф.д-р. Верица Данчевска

Четириесет километри од автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летото,проблемот со свлечиштата ќе се решава со помош на странски експерти.Се прават напори да биде готов што е можно најбрзо, но факт е дека наследивме искучително лош проект, потсетува ресорниот министер Николоски.

“Првата работа со која што лани се соочивме дека година и нешто не се асфалиташе воопшто,ги променивме законот, сите гледате дека се работи.Втората работа како е пректирано е проектирано, постојниот проект поминува низ градби од А категорија, поминува во заштитено подрачје на аеродромот, поминува преку бензиски пумпи, поминува преку болници и преку хотели, тоа се објекти кои не можете да ги експропиирате.Експропријација се прави до куќи и за тоа најдовме решение” –вели Александар Николоски-министер за транспорт и врски

На власта и тежи и доизградба на Коридорот 10,кој што треба да поминува помеѓу Велес, Припел, Битола до Игуменица, тој дел воопшто не е направен.Плетват е тесно грло, а магистраланиот пат Битола-Охрид е во лоша состојба, оценуваат експетите. И во една ваква ситација прашање е дали Македонија инфраструктурно заостанува зад земјите во регионот?

“Во стручната и научната фела сеуште постојат недоумици дали ни требаат нови патишта или одржување на постојните тоа се две прашања различни.Јас ако лично ме прашате сакам да има нови патишта, посебно нови автопатишта да ја поврзат државата со околните држави значи регонот да биде поврзан, а исто така процесот на одрживање да не застанува” -вели Данчевска.

Линк до оргинална содржина ТУКА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...