25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски побара од родителите на загинатите дечиња во Кочани да му веруваат,...

Тошковски побара од родителите на загинатите дечиња во Кочани да му веруваат, и дека истрагата нема да поштеди никого !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа дека ќе чекаат да излезе пред нив. Тој излезе пред Министерството, но не за да разговараат туку да ги покани внатре, па влегоа на средба во Министерството. Министерот Тошковски побара да му веруваат дека истрагата нема да поштеди никого за кого има докази, но родтиелите кои влегоа на средбата речиси во еден глас му кажаа дека не му веруваат.

<

Имате право и на тоа, но истрагата не е завршена. Разликата од она кое го правеле претходно до она кое сега го правиме е огромна. Сега 11 обвинители деноноќно работат на предметот. Го знам тоа затоа што го гледам. Неспоредливо е она кое се случувало претходно со она што се случува сега од аспект на процесни дејствија“, рече министерот Тошковски.

Тој објасни дека не поднел оставка од функцијата оти татко на починатиот полицаец, откога го погребал синот, забележал дека министерот се крши, му пришол и му рекол да издржи, да продолжи во борбата, да ја истера работата до крај и да не се повлекува.

Родителите на загинатите ги побараа обдукциските наоди за децата, се пожалија дека никој не знае кога му починало детето. Министерот немаше конкретен одговор, но им кажа дека истрагата е во тек, а прашаа и зошто осомничените кои се во домашен притвор се шетаат по улици на што министерот одговори дека се подготвуваат кривични пријави.

Тошковски неколкупати на родителите им кажа дека го разбира гневот што го имаат кога тие прашаа зошто актуелни функционери и одговорни лица не одговараат, објасни дека и неговите деца плачеле и кажа дека има факти пред кои никој не смее да мижи кога му забележаа дека истрагата се води селективно и вистинските виновници се поштедени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...