9.9 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаМакедонијаСе јави Кастриот Реџепи: На сигурно сум, Касами да не се грижи...

Се јави Кастриот Реџепи: На сигурно сум, Касами да не се грижи воопшто

Пратеникот Кастриот Реџепи кој денеска не дојде во Собрание и не го обезбеди потребното мнозинство за кворум на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, попладнево објави видео обраќање на својот Фејсбук профил.

Обраќањето беше само на албански јазик, а меѓудругото на тој му испрати порака на лидерот на неговата партија, Беса, Биљал Касами дека е на сигурно и да не се грижи.

Претседателот Биљал Касами и останатите во Беса немаат потреба да бидат загрижени, јас сум добро и на сигурно, јас сум со Албанците и со сите граѓани на државата кои сакаат мир, слобода и просперитет во земјата и продолжување на НАТО и ЕУ курсот. Имам извесни закани од некои лица, но откако тоа ќе биде минато ќе се појавам пред медиумите. Да се ангажираме сите за добро на државата, народот и демократијата, на сите, Албанци, Македонци и сите други кои живеат во Северна Македонија. Се гледаме наскоро. Ви благодарам, порача Реџепи. Фокус

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...