Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина.
<
-Ќе се произнесам за вина, но сакам да изразам најдлабоко сочувство за тоа што го сторив. Не сум можел ниту да помислам нешто такво, рече обвинетиот.
Потоа обвинетиот рече: Да судија виновен сум!
Обвинетиот Јованов цело време додека седеше на обвинителна клупа, а потоа и зборуваше, беше со наведната глава и со вперен поглед кон подот.