14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонија„Македонците во Сиднеј го одбележаа Денот на Светите Кирил и Методиј со...

„Македонците во Сиднеј го одбележаа Денот на Светите Кирил и Методиј со достоинствена прослава”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Минатата недела на 25 мај 2025 година во организација на Македонскиот просвето-училишен одбор на Нов Јужен Велс со сите Македонски училишта во просториите на Македонската Катедрална црква ‘’Свети Кирил и Методиј’’ во Розбери,токму каде што му е местото во наши простории,која го носи и името на нашите апостоли.Одборот изразува голема благодарност до црковниот одбор и до отец Наум Деспотовски што секоја година му дозволува да ја одржуваат традиционално оваа Свечена Академија во чест на сесловенските просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј.

<


Свечената Академија ја отвори професорката Жаклина Михајлова ги поздрави гостите,а гости беа: Отец Наум Деспотовски ,Луција Џонс-претседател на федерацијата на етничките училишта во Нов Јужен Велс,директорот на саботните училишта на јазиците на заедниците ,почесниот претседател на одборот господинот Тоде Кабровски и господинот Оливер Димовски-уредник на списанието Шило и советник во општината Џорџес Ривер.
За значењето на нашите апостоли и просветители браќата Свети Кирил и Методиј зборуваше претседателот на одборот Дијана Јовчевски.
Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс секоја година со сите македонски училишта традиционално ја одржува оваа свечена Академија во чест на нашите просветители и апостоли во Сиднеј и го исполнува својот завед,дека доследно го продолжува нивниот пат,и се стреми да го сочува јазикот на нашите идни поколенија во оваа

далечна мултикултурна и демократска земја за да можат да ги учат словата на Кирил и Климент и јазикот на своите предци,и така да научат ,чии се,каде им се корените и матицата македонска.
Македонскиот просветно -училишен одбор на Нов Јужен Велс е продолжувач на Светиклиментовата просветителска мисија,а тоа се потврдува и со врачувањето на Свети Климентовата награда на одборот во далечната 1998 година од Министерстото за култура на Република Македонија.Одборот е носечко јадро на грижата за организиран систем на редовна и дополнителна настава на нашиот мајчин јазик во образовниот процес.Асоцијација која има незаменлива мисија ,и која 47 години е вистински столбовник на грижата околу тоа како да се изучува помасовно и како да се негува,чува и дочува мајчиниот јазик.
Одборот,заветот,го исполни,браздата е изорана одамна,патот не само што е изоден,но и поплочен, и историјата е создадена,но сега им останува на следните генерации,просветители и ученици да го одржат пламенот на Светиклиментовото кандило каде и да се ,а тоа е заветот што го остави поранешниот долгогодишен претседател просветител,активист,а сега почесен претседател Тоде Кабровски,
Учениците од сите македонски училишта настапија со рецитирање на стихотворби во чест на нашите учители и апостоли солунските браќа Свети Кирил и Методиј,
На сите ученици,наставници и на гостите им беа доделени благодарници за негување и одржување на македонскиот јазик во Австралија.
На крајот од свеченоста претседателката Дијана Јовчевска кажа многу пофални зборови за поранешната претседателка Жаклина Михајлова која е и моторната сила на Одборот.
Автор Господин Тоде Кабровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...