24.9 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаМакедонијаМајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г....

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:

<

 

Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа се податоците објавени покрај фотографијата од младата жена и мајка, истакнати на официјалната страница за исчезнати лица на Министерството за внатрешни работи.

Но, зад фотографијата и штурите податоци се крие тешка приказна и мистерија која го прогонува семејството на Марија веќе 5,5 години. И граѓаните се сеќаваат на настанот, кога медиумите на почеток секојдневно објавуваа за исчезнувањето на Брзакова, која како да пропадна во земја, а потоа, со тек на време, случајот започна да паѓа во заборав од пошироката јавност и вестите за неа стануваа се поретки.

Марија заедно со нејзиниот сопруг и ќеркичката живеела во Швајцарија. Таму живее и нејзиното семејство, родителите Валентина и Ване Георгиеви, како и нејзината сестра. По потекло родителите и се од Турново, а пак семејството на сопругот по потекло било од Босилово.

Со ќерката и сопругот дошле во Македонија во септември 2019 година, во Босилово, а нејзиното исчезнување кое се случило на 18-ти јануари 2020 година, сопругот го пријавил во полиција три дена подоцна.

Според пријавеното во СВР Струмица, нејзе и се губи секаков траг откако во саботата (18/01/2020) рано наутро го напуштила својот дом, облечена во темни тренерки и влечки или патики, без документи и мобилен телефон кај себе.

Од СВР Струмица тогаш за „Фокус“ потврдија дека сопругот го пријавил исчезнувањето по три дена, односно во понеделник, но како што истакнаа, во интерес на истрагата не можеле да откриваат повеќе детали.

Се вклучија голем број на стручни тимови во потрагата по младата жена, која во време на исчезнувањето била во третиот месец од бременоста, но Марија не беше пронајдена.

Она кое беше впечатливо и кое предизвика јавни реакции, беше тоа што од страна на нејзиното семејство единствено мајка и Валентина во неколку наврати за „Фокус“ излезе јавно, и побара помош, потенцирајќи дека Марија никогаш не би го оставила своето дете и не би заминала туку-така. Потоа, и мајката престана да се огласува.

Денес, родителите на Марија телефонски се обратија до „Фокус“ за помош и со растреперен глас раскажаа за нивната голгота.

Заедно со сопругот дојдовме во Турново, овде ќе останеме неколку дена пред да се вратиме во Швајцарија. Речиси 5.5 години се кршам и го земам телефонот да се јавам, да се обратам до јавноста, а пред се до институциите во Македонија, до МВР и до Обвинителството, па се откажував и замолчував, но веќе е доста со молк. Ние мораме да ја раскажеме приказната за нашата ќерка и јавно да бараме одговори и одговорност!

Марија во Швајцарија работеше како медицинска сестра во дом за нега на стари лица и беше посветена на работата. Ја почитуваа сите, таа е од оние личности за кои се вели дека имаат уста, а немаат збор, секогаш тивка, разбрана, се си чуваше во себе. Бевме во постојан контакт, додека беа во Швајцарија еднаш неделно јас ја чував нејзината ќеркичка и навидум се беше во ред.

Кога дознавме дека со сопругот решиле да заминат ненадејно во Босилово, и да поминат време таму, веста ни дојде како изненадување. Заминаа во септември 2019 година. Оставија се во Швајцарија, и работата и животот кој го имаа таму, а во Босилово за целото време додека беа таму, не беа во работен однос.

Родителите на сопругот на Марија ја знаеле причината за нивното ненадејно враќање во Македонија, ние ја дознавме последни.

Заедно со таткото и со сестрата на Марија решивме да ги изненадиме и дојдовме во Македонија во декември 2019 година. Тоа беше последен пат како ја видовме. Ни кажа дека е бремена, а кога си заминувавме, на испраќање таа плачеше како никогаш досега. Не памтам во целиот мој живот да сум ја видела така силно да плаче, таква тага кај неа не сме забележале никогаш.

Си заминавме, и постојано бевме во телефонски контакт. Некогаш се допишувавме, некогаш разговаравме по телефон. Последниот разговор беше на 8. јануари 2020 година, десет дена пред да исчезне. И беше роденден на внукичката, се јавив да честитам и да видам како се. Потоа, од осми јануари, се до моментот кога дознавме дека исчезнала, само се допишувавме, не се слушнавме ниту еднаш во тие десет дена, раскажува Валентина.

Кога дознале дека исчезнала, веднаш со таткото на Марија заминале од Швајцарија во Босилово. Тогаш дознале дека Марија и нејзиниот сопруг дошле во Босилово да се средат, бидејќи имале проблеми во бракот, и Марија започнала врска со нејзин колега. Како што вели, најверојатно за да ја тргне од колегата со кого била во врска, сопругот ја донел во Македонија.

Веста дека детето ми го нема беше голем шок за сите нас. Кога дознавме за врската со колегата, првично помислував дека можеби заминала кај него, но како што одминуваа деновите сфатив дека нешто крајно лошо се има случено, Марија не беше таков човек, да остави дете, да не остави сите со грижи и во неизвесност, тоа не беше својствено за неа. Кротка и мирна, бремена во третиот месец, никогаш не би заминала без збор.

На почеток, полицијата беше растрчана, случајот стигна во медиумите, мислевме дека ќе дознаеме што се случило. Ветувања дека Марија ќе биде пронајдена доаѓаа од сите страни. Уште тогаш ви изјавив дека ние со сопругот остануваме во Македонија додека не се најде нашата ќерка, но деновите станаа недели, неделите месеци. Еве, месеците станаа и години.

Сопругот на Марија беше повикуван на разговори, беше осомничен, па пуштен бидејќи институциите немале докази, а до нас започнаа да доаѓаат информации за тоа дека таа имала лош брак, недоразбирања, проблеми… Дека всушност Марија беше донесена во Македонија за да се оттргне од лицето со кое имала врска…

Беше тоа во време на ковид пандемијата, во една хаотична ситуација за цел свет, кога не изненади веста дека на први јуни 2020 година сопругот на Марија заедно со внукичката заминал во Швајцарија. Не знаеме како успеал да си оди од Македонија заедно со детето, и се уште немаме одговор од институциите како тој стигна со детето во Швајцарија.

Потоа, ние останавме уште еден месец во Македонија и во јули 2020 година се вративме во Швајцарија. Ја изгубивме Марија, изгубивме многу и во Швајцарија, во смисол – работа, бидејќи бевме отсутни долго време, вели Валентина.

Појаснува дека со судска одлука ја гледале внукичката еднаш неделно, а еден викенд месечно требало да поминува со нив. Девојчето сега имало осум и пол години. Вели дека таа им е се што им останало од ќерката, но се случувало сопругот на Марија да не им го остава девојчето за викенд.
Со него имаме комплициран контакт, а со неговите родители, со кои пред настанот бевме во добри односи, повеќе не сме во контакт. Бараме одговори од сите, а првенствено од надлежните институции во Македонија, кои го заборавија случајот во фиока. Стапивме во контакт и со човекот со кого Марија била во врска. Ни кажа дека сакала да се разведе, но дека се плашела дека ќе ја изгуби ќерката. Ни кажа дека и било тешко во бракот, но дека молчела и криела од нас низ што минува.

Дознавме многу детали, а истите ги кажавме и во обвинителството. Никој со прст не мрдна! Се јавувавме и одевме кај обвинителката во ОЈО Струмица, од неа само слушаме дека нема докази, дека се работи на случајот. Нема тело, нема дело, ете тоа го слушаме!

Линк до оргиналната содржина на Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден од повредените во Кочани е во тешка состојба, 46 на физикална терапија

Дванаесет лица кои беа повредени во трагедијата во модуларната болница „Пулс“ и понатаму се на болничко лекување, од кои седум се наоѓаат во странство....

„72-годишен маж од Гостивар ги заклал кравите на својот брат по семејна расправија„

Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една...

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...