23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПревентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Превентивни активности на СВР Охрид

<

СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, во изминатите денови заклучно со вчера (02.06.2025), одржа повеќе работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот”, наменета за учениците од вторите и третите одделенија од основните училишта: „Св.Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, „Живко Чинго”- село Велгошти, „Ванчо Николески” – Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и „Кочо Рацин” со подрачното училиште од Лакочереј.

Целта на работилниците беше, низ теоретски и практичен дел, со интерактивна презентација, на децата како најранлива група на учесници во сообраќајот да им се презентираат основните правила за безбедност во сообраќајот. Посебен акцент се стави на значењето на боите на семафорот, на правилното преминување на улица на пешачки премин, потоа на правилата при користење на средства за движење (велосипед или тротинет), како и за улогата на сообраќаецот во регулирање на сообраќајот, значењето на сообраќајните знаци. Исто така, на импровизирана крстосница, беше демонстрирано како сообраќаец го регулира сообраќајот, при што учениците имаа можност со велосипеди да научат правилно да се движат на крстосница, почитувајќи ги дадените правила и знаци од страна на полицаецот. По завршување на интерактивната презентација, за децата беше организиран мини квиз како форма за утврдување на нивните стекнати знаења за безбедност во сообраќајот и им беа поделени летоци и минимизирани сообраќајни знаци со содржини кои беа опфатени со работилницата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...