19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаUncategorized @mkСтојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа што во моментов во Македонија е само еден од нив, вториот ќе пристигне следната недела, а понатаму и третиот.

<

– Се направија дополнителни сервиси поради староста и користењето од минатите години. Требаше да бидат извршени некои дополнителни сервиси, за леталата да бидат безбедни, рече Ангелов.

Поранешниот директор на Центарот за управување со кризи додаде дека следната недела ќе се потпише договор за ангажирање на двајцата пензионирани пилоти.

– Следната недела ќе се потпише договор со двајцата пензионирани пилоти на ер-трактори и со тоа ќе имаме тројца пилоти на располагање. Веќе работам на наоѓање на нови пилоти и можам да кажам дека со двајца имам договорено од есен да се стартува со обука. Тоа е периодот кога најрано може да се стартува со обука, изјави Ангелов.

Тој додаде дека е во потрага по трет нов пилот кој има барем 500-тини часа летање зад себе и дека очекува за следната година нивниот број да биде шестмина кои би работеле сменски преку целиот ден.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...