13.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЕУ амбасадорот Рокас со пофалби за урбаната трансформација на Охрид

ЕУ амбасадорот Рокас со пофалби за урбаната трансформација на Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Охрид денес оствари срдечна средба со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија.

<

На средбата разговаравме за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на нашиот разговор беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се однесува на проекти кои се реализраат во склоп на поранешната касарна. Амбасадорот изрази поддршка за нашата работа во таа насока и честики за тоа што Општина Охрид е една од ретките општини кои просторот од поранешните касарни го оплемени со содржина.

Го запознав Амабасадорот со идните планови кои планираме да ги реализираме исто така во склоп на поранешната Касарна. Дополнително разговаравме и за евентуална поддршка на некои од тие проекти кои дополнително би го оплемениле овој простор како би добил еден урбан лик.

Амбасадорот позитивно го отцена спроведувањето на овој голем и значаен проект во чиј склоп е намалување на отпечатокот на CO2 со воведување на алтернативни средства на урбана мобилност, односно зелен урбан систем, за чија цел се набавени електирчни велосипеди и електирчни возила, со што населението и посетителите ќе може да ги користат за транспорт во стариот дел на градот. Диверзификација на локалната туристичка понуда преку воведување зелени рекреативни соджини адреналински парк и Pump Up патека, како и развој на локалната економија базирана на знаење преку формирање на Smart Ideas Hub како старт-ап центар.

Дополнително Амбасадорот изрази честитки за успешното финансико менаџирање на Општина Охрид во изминативе години и нагласи дека тоа ќе биде додадена вредност при аплицирањето на проекти за финанисирање од страна на ЕУ.

Исто така се разговараше и за развојот на туризмот, реализацијата на инфраструктурните проекти како локални така и државни. Стана збор и за актуелната тема поврзана со статусот на Охрид во УНЕСКО, за што беше изразена поддршка во напорите на Охрид во реализација на препораките.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...