26.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ нуди конкретен план за справување со пожарите.

СДСМ нуди конкретен план за справување со пожарите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари.

<

🎙️ Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање упати остра критика до актуелната Влада поради неспособноста за справување со пожарите, посочувајќи дека институциите ниту превентивно дејствуваат, ниту соодветно реагираат.

„Мислам дека не се справуваат никако. Еве, навлегуваат во некои тези дека станува збор за смислена акција за подметнување на пожари, што укажува на тоа дека двојно не се спремни, ниту во системот на откривање на намерни подметнувања на пожарите, ниту пак во справувањето со пожарите,“ истакна Филипче.

Тој потсети на серијата пожари кои избувнаа во различни делови од државата како во Дојран, Крива Паланка, Чучер Сандево и на неуспехот на Владата да ја контролира ситуацијата на терен.

„Видовме промоција на возила за борба со пожарите, но не гледаме дека се во функција. Сето тоа укажува дека Владата има за цел да ги прикаже работите многу подобри од тоа што вистински се како и нивните капацитети и желбата да се справат со проблемите“, рече тој.

Филипче ја отфрли тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ кризата ја користи за политички поени и нагласи дека како опозиција партијата секогаш дава конструктивна критика, но нуди и конкретни решенија за надминување на ситуацијата.

„Ниту еден поединец од СДСМ, градоначалник или поединец, нема намера да се сити со некаква криза. Да потсетам на нивните прес-конференции за пожарите додека бевме ние на власт. Ние тогаш бевме на терен и со луѓето помагавме. Лани за време на нивното владеење изгоре поголема површина од државата отколку за 10 години. Ова е доказ е дека не се справуваат добро“, потсети Филипче.

Претседателот на СДСМ најави дека пратеничката група во Собранието ќе ги повлече сите амандмани на ребалансот на Буџетот, со цел средствата да бидат пренаменети за поддршка на системот за справување со пожари.

„Ги повлекуваме сите амандмани денеска за сите средства да бидат насочени кон надградба на овие системи – за ЦУК, за ДЗС, сè што треба да се направи за да се помогне на тие институции, за да не доаѓаме понатаму во ситуации кога немаме капацитети и не сме спремни“, посочи Филипче.

Тој нагласи дека ова е моментот кога и другите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, треба да покажат зрелост и да се вклучат конструктивно во надградбата на системот за заштита и спасување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...

Ален Деребан: Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!

Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор! Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на...