13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКој е монструмот Петар Ѓорѓиески, викан Пеце Белото?

Кој е монструмот Петар Ѓорѓиески, викан Пеце Белото?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двојно убиство и самоубиство синоќа го потресе Прилеп. На улицата „Стеван Апостолоски“ се случила вистинска семејна крвава драма кога 62 годишниот Петар Ѓорѓиески ги убил својот 43 годишeн внук Панчо Чупаркоски и неговиот малолетен 12 годишен син кои биле појдени кај него на гости. По убиството пред полицијата да влезе во неговиот дом Ѓорѓиески сам си пресудил.

<

Имено околу 15:00 часот Ѓорѓиески телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра и го поканил да оди во неговиот дом, но инсистирал со себе да го поведе и неговиот малолетен 12 годишен син. Чупаркоски и кажал за тоа на својата сопруга и заминал.

Според очевидци некаде помеѓу 15:30 – 16:00 часот во непосредна близина на куќата Ѓорѓиески се слушаат истрели од огнено оружје и најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое тој ги застрелува внукот и неговиот малолетен син, но до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на Прилеп.

Откако го извршил грозоморниот чин, на ФБ преку лажниот профил кој го користел Ѓорѓиески околу 17.10 минути оставил и морничава порака во која ја споменува неговата сестра и внук.

Сопругата на сега убиениот Чупаркоски откако не успеала телефонски да ги добие ниту сопругот ниту синот се упатила кон куќата на Ѓорѓиески, каде пред неа бил паркиран автомобилот на сопругот. Започнала да ги повикува но никој не се одзивал, а влезната врата била затворена. Во 21.20 часот случајот го пријавила во полиција.

Кога полицијата заминала да провери што се случува таму започнала вооружена пресметка, па дури била фрлена и бомба од страна на Ѓеоргиески.

Од страна на полициски службеници била извршена проверка во домот на П.Ѓ. но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила ја отвориле вратата и кога влегле во куќата едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, при што од полициските службеници било возвратено со пукање од службено оружје кон куќата“, изјави Сања Стаматовска, портпарол на СВР Битола.

Поради лошата безбедносна ситуација и поради тоа што и покрај обидите да го разубедат да влезат внатре Ѓеоргиески продолжил со заканите на помош биле повикани припадници на специјалната единица „Тигар“ кои со хеликоптер пристигнаа во Прилеп и околу 1 часот по почноќ влегле во куќата, каде пронашле 3 безживотни тела.

Најверојатно осомничениот се самоубил во момент кога припадниците на „Тигрите“ се обидувале да влезат во куќата. Во колку часот и како се убиени П.Ч. и неговиот малолетен син ќе се утврдува со истрагата и со обдукцијата која ја наредив, затоа што соседите велат дека слушнале истрели пред полицијата да се обиде да влезе во домот.

Мотивот за убиството најверојатно се нерасчистени семејно-имотни односи“, истакна јавниот обвинител Стевчо Биноски.

Кој беше монструмот од Прилеп кој одзеде три животи и зад себе остави хорор што ја замолчи јавноста?

Во потрага по одговори, го анализиравме неговиот профил на Фејсбук – „модерниот личен документ“ на многумина.

На социјалните мрежи Ѓорѓиески се претставува како ревносен комунист и отворен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Овие две фигури за него беа олицетворение на „совршени лидери“, како што сам напиша во неколку свои објави.

Во една од нив, Ким Џонг Ун го нарекува „храбар“, а во друга ја споделува заканувачката порака на Северна Кореја за Третата светска војна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателката се фати на оро во селото Галичник

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба”, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како...

Скопјанец претепан во сопствениот дом, го тепале со тврди предмети.

На 12.07.2025 во 01:40 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од Скопје пријави дека на 11.07.2025 околу 21:00 часот во дворот од неговата куќа на...

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во...

Пецаков: Охрид и Македонија чекорат кон иднината- Пуштена првата делница од автопатот Охрид – Кичево”

Денес е голем ден за Охрид, за целиот југозападен регион, но и за цела Македонија. Со неизмерна радост и гордост ја ставивме во употреба ...