Проблемот со ламелите кај „Пинц гауерите“ не е тајна, тоа јас јавно го кажувам кај вас во емисија, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов во вчерашното издание на „За или против“ со Љупчо Цветановски.
Инаку, возилата се доведени од една лоша во одлична состојба, вели Ангелов, кој посочува дека сега ги предупредуваат возачите да внимаваат при управувањето затоа што ова се теренски возила кои не секој знае професионално да ги управува.
-Ги предупредуваме возачите да внимаваат, да користат редуктори, односно да го користат овој дел од менувачот, што дел од нив не го прават и сега, да не ги замарам граѓаните – не сите знаат за што овде се работи, но условно кажано, возилото има една нормална бризна и една „спора“ брзина која се користи за лош и стрмен терен во која има поголема моќ, но помала брзина на движење и треба само да се вклучи тој редуктор (рачка) и така да се вози, нема некоја голема филозофија во ова. Тогаш, возилото има многу голема моќ, но помала брзина која и не е потребна на таков терен, објаснува Ангелов од искуство при управување со овие возила во специјалните полициски едници како „Лавови“ и „Тигри“ чиј дел беше поранешниот полициски генерал.
Во досегашниот дел од нивната употреба, овие теренски противпожарни возила имале огромен учинок во гаснењето на пожарите на терен непристапен за обичните ПП возила, со што нивната пренамена се покажала како полн погодок. Битен е и фактот, што нивната пренамена од воени и полициски во ПП возила не ја чинеше Македонија како држава ниту денар, се’ е донација ан општествено одговорни фирми кои патриотски ги донираа овие средства за добробитта на граѓаните и државата.