Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, се најде под удар на законот само неколку месеци пред локалните избори – против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти Министерството за внатрешни работи.
<
Митовски е третопријавен во случајот што го процесуира СВР Куманово, во кој, според полицијата, со негово одобрување било овозможено физичко лице да продолжи со градба на објект со деловен простор иако дозволата била со истечен рок.