Почитувани,
<
Јавното претпријатие за државни патишта во однос на виралното видео кое што се споделува на интернет кадешто се гледа колона на возила која поминува на наплатната станица Гостивар ја известува јавноста дека веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка.
Беше испратена внатрешна контрола при што се констатира дека првото возило плаќа за возилата во колоната и дека само за неколку возила не е наплатена патарината. По целосното и детално расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки.
Со почит,
ЈПДП