Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!
Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште еднаш ја потврди живата македонска традиција надвор од границите на татковината.
Со песна, оро и гордо развиени македонски знамиња, испративме јасна порака:
Македонскиот идентитет живее и ќе живее – во Албанија, Грција, Бугарија и ширум светот!
Посебна чест и гордост беше присуството на премиерот на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, кој пред сите Македонци од Пустец упати силна поддршка и љубов.
Неговото присуство е доказ дека не сме заборавени – туку сме ценети и почитувани.
Ова не беше само културен настан – ова беше доказ дека Македонецот знае од каде доаѓа, што носи во срцето и колку вреди неговата песна, игра и збор.
Секоја насмевка, секое оро, секој аплауз – беше љубов кон Македонија.