-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“, информира Ангелов.
<
Хеликоптерот е со големо ведро од 3,4 тони вода, а во гаснењето на пожарот ќе бидат вклучени и 62 пожарникари од Словенија кои со 18 специјални противпожарни возила се очекува доцна вечерва да пристигнат во Берово.