Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза” во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на Советот на Општина Пловдив, со цел да се поддржи работата на клубот.
<
Иницијативата беше поднесена од советничката група „Обединети за Пловдив” минатата недела, а првично предложената сума од 5.000 евра беше зголемена на 10.000 по предлог на советникот од партијата ГЕРБ, инж. Веселин Маневски. Предлогот доби едногласна поддршка од сите
политички групи во советот.
Дарението е наменето за поддршка на културните активности на клубот, кој е предводен од г. Љупчо Георгиевски. Во иницијативниот одбор за поддршка на клубот се вклучени познати јавни личности..