Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава Шило Магазин.
Раста беше фатен од страна на МВР со опојна дрога, а против него беше поднесена кривична пријава за „Неовластено производство, продажба и употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Бидејќи се работи за странец, тој веднаш беше изведен пред надлежен суд, каде по кратка постапка беше утврдено дека нема основи за кривично гонење. На Раста веднаш му беше вратена патната исправа, по што без ограничувања ја напушта земјата.
Клучна улога во неговото ослободување одигра адвокатот Ѓоко Шајн, кој со брза и стручна реакција го издејствува поволниот епилог.