Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од 24 часа борба за неговиот живот во чешка болница, тој не успеа да преживее. Лекарите се обидуваа да го спасат откако тој падна од морот во Чешка, од што се здобил со сериозни оштетувања на мозокот. Несреќата се случила вчера околу 16 часот јавува Скопје1
Семејството веднаш по несреќата заминало за Чешка, каде со докторите ги разгледувале сите опции за лекување. Душко, по падот, бил во кома и приклучен на апарати.
Душко е познат како љубител на мотори и автомобили. Има добивано престижни признанија за брзински мотоциклизам.
Душко Чифлиганец е генерален менаџер на фирмата „Адора”. Долги години живее во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.