Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка. Душко почина на само 32 години, а Заева со прости со песна од Бон Џови.
<
Ева објави црнобела фотографија од неа и Душко во автомобил, а нивните раце се споени високо во воздух. Заева која со Душко беше во врска неколку години објави скршено срце и балада од Бон Џови.
Јавноста е во шок по смртта на младиот бизнисмен, а освен Ева Заева од него се простуваат и другите јавни личности. Перо Камиказа напиша објава за неговото пријателство со Чифлиганец. Текстови објавија и Игор Стефановски – Иџе, Иван Ивановски, Перо Антиќ и други.