Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд.
<
-На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ во Скопје бил донесен починат Б.С.(55) од Скопје. Според пријавеното, тој на 31.07.2025 паднал од тротинет, но не се упатил во болница за укажување на медицинска помош, информираа од МВР.